„Многу е поскапено“ - Луѓе од разни држави низ светот споделуваат колку пари трошат за храна за неколку денови
Додека во Бразил овошјето и зеленчукот имаат релативно ниска цена, во земјите како САД овие намирници стануваат луксуз. Како изгледаат цените кај нас? Дали во последно време имаме драстично покачени цени?
Поради пандемијата, но и бројни други фактори, основните трошоци на луѓето постојано се зголемуваат.
Покрај повисоките сметки за струја и парно, значително е поскапена и храната, и тоа во скоро сите земји во светот, па и во Македонија.
Поради ова, многу корисници на Редит почнаа да споделуваат фотографии од храната што ја купиле изминативе неколку месеци, заедно со сумата што ја потрошиле.
Корисниците најчесто споделуваат фотографии од храната што ја купиле за неколку денови и сите истакнуваат дека плаќаат многу, дури и кога купуваат само неопходни продукти, но и продукти кои се на попуст.
Во земјите со потопла клима, како Аргентина, и самите ќе забележите дека овошјето и зеленчукот се релативно поевтини, но во земјите како Англија и САД, овие продукти се дури и луксуз.
Покрај грицките, чипсовите и другите продукти кои не се сметаат за неопходни, се чини дека во многу земји луксуз станува и храната што ја купуваат сите, вклучувајќи јајца, месо, млеко и леб.