Во Судан има повеќе пирамиди од Египет и уште 9 забавни факти за Африка
Знаевте ли дека во Африка се зборуваат дури 2.000 јазици? А, знаевте ли дека во Ангола има повеќе луѓе кои зборуваат португалски отколку во Португалија?
Африка е континент кој има многу разновидна култура и богати природни ресурси. Има 54 земји и секоја од нив нуди туристички атракции кои го одземаат здивот.
Во продолжение уште неколку интересни работи за овој прекрасен континент кои е добро да ги знаеме:
Во Африка има 54 земји
Земјите се следните: Алжир, Ангола, Бенин, Боцвана, Буркина Фасо, Бурунди, Камерун, Зелено'ртски Острови, Централноафриканска Република, Чад, Демократска Република Конго, Џибути, Египет, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Етиопија , Габон, Гамбија, Гана, Гвинеја Бисао, Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Лесото, Либерија, Либија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мавританија, Маврициус, Мароко, Мозамбик, Намибија, Нигер, Нигерија, Република Конго, Реунион, Руанда, Сенегал, Сејшели, Сиера Леоне, Сао Томе и Принсипе, Сомалија, Јужна Африка, Судан, Свазиленд, Танзанија, Того, Тунис, Уганда, Западна Сахара, Замбија и Зимбабве.
Некои градби во Тунис се направени со коски од риба
Во Тунис, која е северноафриканска земја, се смета дека рибите имаат духовно значење за многу луѓе и ги користат за заштита од зли духови, па така при градењето ги ставале во градбите.
Во Африка се зборуваат околу 2.000 различни јазици
Арапскиот јазик е најзборуваниот јазик во Африка. Меѓу останатите се и свахили, француски, португалски и англиски.
Ангола има повеќе португалски говорници од Португалија
Речиси 71% од населението на Ангола зборува португалски.
Африка е дом на најголемите видови жаби во светот
Можеби всушност не е изненадувачки што најголемиот вид жаби во светот живее во Африка. Наречена е жаба голијат и може да тежи до 3 килограми.