5 совети како да се ослободите од туѓото влијание во животот (и да бидете посреќни)

„Треба да сфатите дека луѓето постојано ги менуваат сопствените одлуки и мислења“ – вели животниот тренер Силвија Пуентес која тврди дека овие пет совети за ослободување од туѓото мислење ѝ го промениле животот и ја направиле посреќна.

ako-zhivotot-vi-e-ispolnet-ne-razmisluvate-za-ozboruvanjata-zhivoten-trener-so-soveti-kako-da-se-oslobodite-od-tugjoto-vlijanie-01.jpg

„Види ја преслаба е“, „Види ја се здебелила“, „Види како се облекла“, „Што се случува со неа?“ – Колку пати сте слушнале озборувања за себеси и иако тврдите дека не ве допираат, сепак свесни сте дека тие ви влијаат негативно и прават да се чувствувате несреќно?

Сите знаеме дека не треба премногу да се грижиме за туѓото мислење и да не се преоптоваруваме со осудите од околината со кои што можеме да се соочиме.

Животниот тренер Силвија Пуентес вели дека долго време се соочувала со таква ситуација – додека однадвор изгледала мошне самоуверено, во себеси водела вистинска битка.

Денес таа ги учи луѓето како да бидат среќни во сопствената кожа и да не се преоптоваруваат со туѓото мислење.

Според неа постојат пет главни концепти што треба да ги следите за да се ослободите од туѓото влијание и мислење.

Исполнете го сопствениот живот со голем број активности

Кога сте презафатени и имате убав живот исполнет со голем број работи што сакате да ги правите, имате помалку време за да се преоптоварувате со она што го говорат луѓето околу вас или со погледите што ви ги упатуваат.

Сконцентрирајте се да го креирате сопствениот живот и нема ниту да имате време да размислувате за тоа што говорат другите за вас.

ako-zhivotot-vi-e-ispolnet-ne-razmisluvate-za-ozboruvanjata-zhivoten-trener-so-soveti-kako-da-se-oslobodite-od-tugjoto-vlijanie-02.jpg

Немојте да се осудувате самите себеси

Не трошете енергија за да се осудувате самите себеси. Кога ќе почнете да размислувате за тоа што е „правилно“ или „погрешно“ и „добро“ или „лошо“ кај вас, целосно заборавате на себеси и си ја трошите непотребно енергијата.

Обидете се да се прифатите себеси такви какви што сте и дека понекогаш е привилегија да се биде различен без разлика тоа што мислат другите. Кога ќе престанете да се осудувате самите себеси, ниту туѓото мислење нема да ви биде важно.

Обидете се да сфатите која е заднината за мислењето на другите луѓе

Честопати нè повредува туѓото мислење, но не застануваме да размислиме што е она што ги мотивира таквите мислења. Обично луѓето ги прифаќаат мислењата на своите родители или на средината во која што живеат без да размислуваат и врз основа на тоа ги осудуваат другите луѓе.

Зошто тогаш ве повредуваат мислењата на луѓето што воопшто немаат сопствен став за некои работи?

5-soveti-kako-da-se-oslobodite-od-tugjoto-vlijanie-vo-zhivotot-i-da-bidete-posrekjni-04.jpg

Сфатете дека мислењата се менуваат

Треба да сфатите дека луѓето постојано ги менуваат сопствените одлуки и мислења. Кога ќе сфатите дека за 10 секунди можете да го промените туѓото мислење за вас, ќе успеете да се ослободите од грижата за тоа дали некој ќе ве обвинува или ќе ве осудува.

Ако нешто не ви се допаѓа кај себе, доволно е само да направите нови избори и да го промените туѓото мислење.

Кога ќе го сфатите ова, ќе бидете многу порелаксирани и нема да се чувствувате беспомошно.

Излезете од сопствената глава

Дозволете да ве водат чувствата и да го правите тоа што ве прави среќни, а не постојано да размислувате и да анализирате што треба да направите или каков фидбек можете да очекувате од средината.

Наместо со часови да го анализирате туѓото мислење и да се обидете да најдете начин да го промените, обидете се да го согледате само како уште една различна идеја или предлог, што можете, но и не мора да го прифатите. На крајот на краиштата, само вие сте одговорни за сопствената среќа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg