Предмети кои не ги земаме на одмор, а секогаш ни притребуваат
Колку пати сте отишле на одмор без грицкалка за нокти или крем за изгореници, за дури таму да сфатите дека навистина ви требаат?
Понекогаш, поради големата возбуда пред одмор, забораваме да земеме некои работи кои сигурно ни притребуваат кога ќе стигнеме таму.
Ова е листата што ние ја составивме, а вие што најчесто заборавате?
Грицкалка за сечење нокти
Кога веќе пакувате пинцети и турпија, не би било лоша идеја да понесете и грицкалка за сечење нокти, нели?
Спреј против комарци и инсекти
Ако барем еднаш сте се бореле со комарци покрај море на изгрејсонце или зајдисонце, знаете колку е залудно.
Дали во вашето сместување ќе имате мрежи против комарци или уреди кои одбиваат инсекти?
Секогаш е подобро да понесете спреј или крем за секој случај.
Папучи
Иако ги има во многу хотели, луѓето генерално може да се чувствуваат непријатно кога носат хотелски папучи.
За движење низ хотелот, домашните папучи ќе бидат навистина корисни.
Крем за изгореници
Освен обичен крем со заштитен фактор кој спречува изгореници од сонце, не би било лоша идеја да имате и некој друг крем кој ќе ја намали болката доколку заспиете на плажа.
Пижами со долги ракави
Можеби мислите дека нема да ви се потребни во текот на летото, но времето многу брзо може да се промени и да залади, особено навечер.
Затоа би било добро на вашето патување секогаш да понесете и пар пижами со долги ракави.
Прашок за перење
Не би било лоша идеја да спакувате малку прашок за перење, кој сигурно ќе ви се најде доколку случајно ја извалкате вашата облека.
Особено ако патувате со мали деца - тогаш прашокот навистина ќе ви треба доколку во вашиот хотел/апартман нема друга опција.
М. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com