Најпрепознатливите логоа на брендовите низ светот и нивните скриени значења
Логото на авиокомпанијата Turkish Airlines ја прикажува дивата гуска, која е птица што лета највиско односно до 8.850 метри надморска височина. Дали сте се запрашале кои се скриените значења зад некои од најпрепознатливите логоа во светот?
Овие компании навистина се трудат да останат оригинални преку нивното лого кое го прикажува нивниот идентит и квалитет.
Во продолжение неколку познати компании чии логоа имаат интересно значење:
Turkish Airlines
Нивното лого ја прикажува дивата гуска, која е птица што лета највиско односно до 8.850 метри надморска височина.
Adidas
Логото во форма на планина ја пренесува идејата за надминување на предизвиците и следење на вашите цели без разлика на сè.
Nike
Во грчката митологија, Најк е божица на победата. Логото е инспирирано од крилјата на божицата и ги симболизира брзината, движењето, моќта и мотивацијата.
Amazon
На ова лого можете да забележите стрелка која наликува и на насмевка, а започнува од А и завршува до Z, нагласувајќи дека Amazon нуди сè или како што велиме ние: од А до Ш.
„Pin“ значи шпенадла, а „interest“ значи интерес. Корисниците на платформата можат да ги „закачат“ интересите на една од креираните табли.
Бидејќи зборот „pin“ и дејството да се закачи нешто на табла играат толку клучна улога во идентитетот на брендот, логото на Pinterest има дизајн на шпенадлa скриенa во буквата „P“.
Domino's Pizza
Точките на доминото ги претставуваат оригиналните три локации на ланецот за пица. Првично, компанијата планирала да додаде точка за секој нов отворен ресторан, но бројот на отворените локали сега изнесува околу 15.000, па решиле да го задржат истото лого.
FedEx
Погледнете внимателно помеѓу буквата Е и Х и ќе забележите бела стрелка, која претставува брзина, точност, упорност во извршување на целите и потрага по совршенство.
М. Г. | Црнобело / фото: logos-world.com