Чудни сувенири што можете да ги купите од различни дестинации: Дали би пробале кафе од животински измет?
Kit Kat чоколадо со вкус на зелен чај - Јапонија
Што ако можете да ги јадете оние намирници за кои сите велат дека треба да ги избегнувате додека сте на диета, а во истовреме да ги добиете придобивките од зелениот чај?
Е па, добредојдовте во Јапонија!
https://www.instagram.com/p/BCbvVAiTWsQ/
Измет од слон - земјите од Африка
Во Африка, изметот на слонови изнесува околу 650.000 килограми на ден во дадена област, па локалните жители морале да дојдат до некоја креативна идеја.
Така, многу туристи си одат дома со измет од слон како сувенир кој наводно може да се користи како лек против болки, за правење пиво или еколошка хартија.
Чоколадо со бубачки - Кина, Тајланд, Мексико, Гана, Бразил, Холандија
Бубачки прекриени со чоколадо се деликатес во многу кујни ширум светот, бидејќи луѓето веруваат дека содржат хранливи материи. Дали би ги пробале?
Морска вода - Хаваи
Локалното население на Хаваи верува дека водата од длабочина од 3.000 метри содржи многу здрави хранливи материи и минерали.
Ова е причината зошто некои туристи ја купуваат како вода за пиење.
https://www.instagram.com/p/B9PeOg4Ar_e/
Златни прачки - Обединети Арапски Емирати
Овој вид сувенир е вообичаен за оние кои патуваат во прекрасниот град Дубаи, каде што вистинските банкомати за издавање злато може да се најдат на многу места во градот.
Многумина кои го посетуваат овој неверојатен град во Емиратите се враќаат дома со вистинско злато издадено од тие машини.
https://www.instagram.com/p/Cg5zKt3t0Mb/
М. Г. | Црнобело