Зошто не треба да носите црн куфер кога патувате со авион?
Стоите на терминалот на аеродромот и гледате како многу куфери се движат кон вас на подвижната лента. Внимателно го гледате секој куфер, барајќи го својот...
Но, честопати се случува вашиот багаж да биде изгубен и да ви го вратат после неколку денови или пак никогаш да не го видите.
Што да направите за да немате проблеми со изгубен багаж?
Аеродромите во Германија им советуваат на туристите да ги отфрлат црните куфери и да користат багаж во повпечатлива боја, за да го олеснат нивното лоцирање на аеродромите каде има голем хаос после пандемијата.
Дополнителен предлог е луѓето да додаваат етикети со нивните имиња, телефонски број и адреса на својот багаж од безбедносни причини.
Зашто после пандемијата има многу проблеми со багажот на аеродромите?
За време на пандемијата многу аеродроми ги отпуштија своите вработени поради недостаток на работа, а сега, иако животот се враќа во нормала, протокот на патници сè уште не го достигнал нивото пред пандемијата.
Економијата во многу земји сè уште не е нормализирана, па проблемот со вработените не е решен, но неколку аеродроми како аеродромот во Франкфурт веќе работат на процесот на враќање на старите работници за да се справат со багажот.
М. Г. | Црнобело