Ја переле облеката со урина и уште 7 хигиенски навики на луѓето од викторијанската ера кои ќе ве згрозат
Оние кои можеле да си дозовлат када, се бањале еднаш, најмногу двапати месечно, а жените ја миеле косата уште поретко.
Викторијанската ера е период од исторјата на Обединетото Кралство во кој владеела кралицата Викторија.
Овој период траел од нејзиното владеење во 1837 година, до нејзината смрт во 1901 година.
Во викторијанската ера почнале да се случуваат многу промени во секојдневието на луѓето - медицината и науката напреднувале, се менувала модата, а се менувал и менталитетот на луѓето.
Но, ова сепак е период кога луѓето не знаеле многу од работите што нам ни се познати денес, па дел од нивните секојдневни навики можат да ни изгледаат бизарно, дури и по малку одвратно.
Во продолжение неколку хигиенски навики на викторијанците кои (непријатно) ќе ве изненадат:
Се бањале многу ретко
Оние кои биле побогати и можеле да си купат када, се бањале еднаш, можеби двапати месечно.
Сиромашните не можеле да уживаат во овој луксуз, па се бањале уште поретко, односно кога ќе им се пружи можност за тоа. Ова значи дека поминувале и неколу месеци, па и година од едно до друго бањање.
Но, барем имале сад со вода во нивните соби за наутро да си го измијат лицето.
Ја чистеле облеката со урина
Урината содржи амонијак, а амонијакот може да отстранува разни дамки од облеката.
Бидејќи немале ефикасни средства за перење облека, викторијанците се потпирале на моќта на амонијакот во урината и ја переле облеката со неа.
Оралната хигиена била практично непостоечка
Иако во викторијанската ера имало заболекари, нивните услуги биле екстремно скапи, но и самите методи биле застрашувачки. Тие користеле „примитивни“ алатки и секако дека не ставале анестезија.
Повеќето луѓе си ги чистеле забите со вода, а како четка користеле груби ткаенини или гранчиња.
Проблемот е што овој период луѓето почнале да јадат повеќе шеќер, а немале пасти за заби, поради што се зголемила појавата на кариес.
А, ако некој го заболел забот, најевтината опција била да оди да му го извадат, без анестезија.
Си ја миеле косата со чудни состојки
Викторијанците ретко се бањале, но уште поретко си ја миеле косата, најмногу бидејќи морале да користат состојки што вие сигурно не би ги пробале.
Некогаш жените користеле амонијак наместо шампон. Некои, пак, користеле сок од кромид кој воопшто не ја чистел косата.
Носеле долна облека со дупка за да можат да одат во тоалет
Фустаните што ги носеле жените во викторијанската ера се навистина комплицирани.
Жените носеле долна облека (која наликува на панталони), корсет и здолниште, па дури потоа го облекувале нивниот фустан.
Сето ова може да биде комплицирано за соблекување ако им се оди во тоалет, па затоа нивната долна облека имала дупка во пределот кај гениталите.
Немале тоалети
До доцната викторијанска ера, повеќето домови немале тоалети.
Некои богати семејства можеле да си дозволат да си направат тоалет, но морале да го прават понастрана од куќата - бидеќи немале канализација, мирисот што се ширел од тоалетите бил ужасен.
Немале антиперспиранти и дезодоранси
Покрај тоа што не се бањале, викторијанците немале ни антиперспиранти.
Во 1880-тите се појавил продукт, односно дезодоранс, но можеле да си го дозволат побогатите.
Овој дезодоранс содржел цинк оксид - состојка со антибактериски својства која може да ги уништи бактериите што го создаваат непријатниот мирис.
Жените имале бизарни третмани за убавина
Жените верувале дека капките за очи со состојки како лимон и портокал, ќе им ги направат очите „чисти и свежи“.
Не треба да објаснуваме дека ваквите капки можат да ги оштетат очите, па дури и да предизивкаат слепило.
Спирова С. | Црнобело