Ловат луѓе како дел од ритуал, го убиле и изеле пра-правнукот на Џон Рокфелер – кои се Асматите, најпознатото канибалистичко племе во светот?

Племето било практично недопрено од надворешниот свет, сè до 1938 година кога во нивната област била направена првата колонија од страна на Европјаните.

Извесен период колонијата била напуштена поради Втората светска војна, но потоа повторно била активирана. Со колонијата управувал Холанѓанец кој почнал да ја истражува областа на племето Асмат.

Во колонијата имало многу католици, кои биле и антрополози, и почнале да контактираат со племето. Тие сакале да ги натераат да престанат да ловат луѓе и да ги јадат, но и да им помогнат да научат нешто за надворешниот свет.

Во 1958 година една мисија со ваква цел предводена од Холанѓанецот ескалирала, по што биле убиени неколку членови на племето.

Луѓето од племето се разгневиле, па се заколнале дека ќе му се одмаздат на „белото племе“.

lovat-lugje-kako-del-od-ritual-go-ubile-i-izele-pra-pravnukot-na-dzhon-rokfeler-koi-se-asmatite-najpoznatoto-kanibalistichko-pleme-vo-svetot-10.jpgМајкл опкружен со луѓе од племето Асмат

Мајкл Рокфелер ги посетил набрзо потоа, во 1961 година, односно во период кога племето Асмат уште било гневно на белите луѓе.

Токму поради ова почнале да се јавуваат приказните дека Мајкл бил убиен и изеден од племето.

Низ годините, многу луѓе продолжиле да го истражуваат исчезнувањето на Мајкл и по сè изгледа оваа теорија е точна.

lovat-lugje-kako-del-od-ritual-go-ubile-i-izele-pra-pravnukot-na-dzhon-rokfeler-koi-se-asmatite-najpoznatoto-kanibalistichko-pleme-vo-svetot-04.jpg
Луѓе од племето гледаат фотографии од Мајкл за време на нова истрага

Еден од луѓето кои ја продолжиле истрага е Карл Хофман – американски новинар и автор кој се фокусира на домородни племиња, особено во Нова Гвинеја.

Карл го научил јазикот на племето и почнал да разговара со нив со цел да дознае нешто повеќе за судбината на Мајкл.

lovat-lugje-kako-del-od-ritual-go-ubile-i-izele-pra-pravnukot-na-dzhon-rokfeler-koi-se-asmatite-najpoznatoto-kanibalistichko-pleme-vo-svetot-03.jpgКарл Хофман со луѓе од племето Асмат

Според она што го дознал, бродот на Мајкл потонал и тој успеал да доплива до брегот на реката. Но, таму го пречекала група од 50-тина луѓе од племето Асмат.

Иако наводно го познале бидејќи ги имал посетено, во групата бил еден од најголемите воини во племето кој имал убиено најмногу луѓе, а со тоа имал и собрано најмногу глави. Покрај тоа, ова било во период кога племето било особено гневно на белите луѓе поради убиствата.

Мајкл бил целосно извлечен од водата, по што го удриле по главата. Веднаш потоа и му ја пресекле.

Потоа го почнале нивниот ритуал – го расекле неговото тело, му ги искршиле ребрата и му ги извадиле органите.

Потоа наводно му го извадиле и мозокот, па го приготвиле на нивен посебен начин за да го консумираат.

lovat-lugje-kako-del-od-ritual-go-ubile-i-izele-pra-pravnukot-na-dzhon-rokfeler-koi-se-asmatite-najpoznatoto-kanibalistichko-pleme-vo-svetot-09.jpgЕдна од последните фотографии на Мајкл со племето Асмат

Авторот и новинар дознал дека убиството на Мајкл сепак било за одмазда за убиството на петте членови од племето Асмат.

Но, авторот истакнува дека семејството Рокфелер не го прифаќа ова и уште стои на мислењето дека Мајкл се удавил.

За време на истрагата, авторот дознал и други нешта за обичаите на племето – мажите имале сексуални односи едни со други и без проблем си ги делеле сопругите. Покрај тоа што јаделе човечко месо, за некои ритуали тие и си ја пиеле урината.

lovat-lugje-kako-del-od-ritual-go-ubile-i-izele-pra-pravnukot-na-dzhon-rokfeler-koi-se-asmatite-najpoznatoto-kanibalistichko-pleme-vo-svetot-11.jpgЛуѓето од племето Асмат градат куќа за нивниот поглавар - фотографија на новинарот и автор Карл Хофман

До денес племето Асмат е во голема мера изолирано и наводно уште следат дел од нивните стари обичаи. Сосема возможно е во некои поизолирани села и уште да се практикува канибализмот.

Сепак, според Википедија, дел од луѓето од племето ја напуштаат областа и одат да се образуваат во Индонезија, па и во Европа, по што почнуваат да живеат во модерниот свет. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg