Во Дубаи не смеете да јадете со левата рака и уште 4 работи кои се несоодветни за емиратската култура

Иако Дубаи е една од најопуштените, космополитски дестинации во светот, до одреден степен треба да внимавате на вашето однесување. Она што се смета за нормално во Македонија може да биде несоодветно таму, па дури и нелегално.

vo-dubai-ne-smeete-da-jadete-so-levata-raka-i-ushte-nekolku-raboti-koi-se-nesoodvetni-za-emiratskata-kultura-01.png

Пред да патувате Во Дубаи, проверете како треба да се однесувате за време на вашиот престој.

Во Дубаи се смета за многу навредливо користењето на левата рака

Според локалните жители, левата рака се користи за бришење кога е потребно.

Ако ги допрете луѓето со левата рака за да се поздравите, тоа е сериозна навреда за нив и е нехигиенско.

Се смета и за многу грубо да јадете храна со левата храна, па дури и да ја отварате вратата.

Ако сте левак, посетата на Дубаи ќе ви биде предизвик.

vo-dubai-ne-smeete-da-jadete-so-levata-raka-i-ushte-nekolku-raboti-koi-se-nesoodvetni-za-emiratskata-kultura-02.jpg

Бакнувањето во јавност е целосно забрането

Ако ве фатат како се бакнувате на улица или на плажа, може да бидете уапсени и вратени во вашата земја.

Прегрнувањето исто така не е многу прифатливо од локалното население, но не е нелегално.

vo-dubai-ne-smeete-da-jadete-so-levata-raka-i-ushte-nekolku-raboti-koi-se-nesoodvetni-za-emiratskata-kultura-03.jpg

Консумирањето алкохол на јавни места е строго забрането

Има само лиценцирани места каде што можете да пиете, но за нив треба да добиете посебна дозвола.

Законската возраст за консумирање алкохол е 21 година.

vo-dubai-ne-smeete-da-jadete-so-levata-raka-i-ushte-nekolku-raboti-koi-se-nesoodvetni-za-emiratskata-kultura-04.jpg

Локалната култура и општество во Дубаи се изолирани, но ги штитат жените

Ако сте маж и гледате во некоја жена подолго време, тогаш можете да наидете на проблеми.

Секогаш треба да ги третирате локалните жени со почит за време на вашиот престој во Дубаи, бидејќи сексуалното вознемирување и непочитувањето на жените се строго казнети.

Би било добро овој закон да го има во сите земји, нели?

vo-dubai-ne-smeete-da-jadete-so-levata-raka-i-ushte-nekolku-raboti-koi-se-nesoodvetni-za-emiratskata-kultura-05.jpg

Јавното пцуење е забрането

Задржете ги навредите и вулгарните зборови и во никој случај не споделувајте омаловажувачки забелешки против исламот додека сте во Дубаи.

Ова се смета за сериозен, казнив прекршок и повеќе од неколку странци се затворени за давање непотребни коментари.

Имајте културна чувствителност и воздржете се од какви било искази кои може да се сметаат за навредливи, а ова правило треба да го почитувате и во секоја друга земја. Слободата на говор не е универзално право.

vo-dubai-ne-smeete-da-jadete-so-levata-raka-i-ushte-nekolku-raboti-koi-se-nesoodvetni-za-emiratskata-kultura-06.jpg

M. Г. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg