Биолог кој пробал да направи хибрид од човек и мајмун и уште 7 луди научници кои правеле бизарни експерименти
Јохан Конрад Дипел верувал дека човечката душа може да се префрли од едно во друго мртво тело, и тоа само со инка. И, навистина пробувал да го направи тоа со трупови на животни, а се верува дека користел и човечки тела.
Неретко во научно-фантастичните филмови главните негативци се луди научници – генијалци кои се позагрижени за тоа дали ќе ја постигнат нивната цел, отколку за штетата што би ја предизвикале.
Низ историјата се појавиле неколку научници кои благодарение на нивните експерименти можат да се сместат во оваа категорија.
Некои од нив само имале бизарни идеи што пробувале да ги реализираат, но некои биле свирепи и без двоумење експериментирале на луѓе.
Дел од најлудите научници од историјата на човештвото:
Парацелзус (1443 – 1541)
Парацелзус бил лекар и алхемичар од Швајцарија. Благодарение на неговите наоди, познат е како „татко на токсикологијата“, но дефинитивно имал и навистина луди идеи.
Тој сметал дека само од спермата на маж може да се создаде човечко суштество. Оваа идеја потекнува од верувањето на некои алхемичари дека во спермата „живее“ минијатурна верзија на човек која може да порасне.
Според Парацелзус, ако спермата се чува 40 дена во одредени услови, со текот на времето ќе почне да се развива суштество. Ако ова суштество се храни, во период од 40 недели ќе се претвори во човечко дете, но многу помало од вообичаено.
Сепак, кога ќе се земе предвид дека живеел во 16-тиот век, разбирливо е зошто Парацелзус имал вакви луди идеи.
Јозеф Менгеле (1911 – 1979)
Познат и како „Ангелот на смртта“, Џозеф Менгеле е еден од најозлогласените ликови од Втората светска војна.
Тој изведувал свирепи експерименти на затворениците во логорите додека траела војната, а бил особено фасциниран од генетиката и близнаците.
Јавноста, особено научниците, до денес се згрозени од подготвеноста на Менгеле да измачува луѓе, само за да ја проучува биологијата на човекот.
Прочитајте повеќе: Од талентиран студент до свиреп убиец - Како Јозеф Менгеле станал „Ангелот на смртта“ во логорот Аушвиц?
Џовани Алдини (1762 – 1834)
Џовани Алдини бил италијански лекар и физичар кој живеел во Болоња. Тој бил експерт за електрична енергија, а најмногу внимание привлекувал со бизарните експерименти што ги изведувал во јавност.
Целта на Џовани била да покаже како електричната енергија влијае врз мртви тела на животни, но и на луѓе.
Најпознат е експериментот што го извршил врз Џорџ Фостер – маж кој ги убил неговите жена и дете и бил осуден на смртна казна.
По погубувањето во 1803 година, телото на Џорџ било однесено кај Џовани. Додека траел експериментот, Џовани ги стимулирал мускулите на Џорџ Фостер со електрична енергија.
Бидејќи мускулите на мртвото тело се грчеле, многумина биле убедени дека Џорџ се враќа во живот.
Се верува дека токму овој експеримент е инспирација за култната книга „Франкенштајн“ на Мери Шели.
Вилијам Бакленд (1784 – 1856)
Вилијам Бакленд од Англија бил теолог, но и геолог и палеонтолог. Покрај огромните придонеси во неговите сфери, во свое време Вилијам бил познат и по неговата необична цел – да го вкуси секое живо суштество на Земјата.
Што значи, Вилијам јадел сè и сешто, вклучувајќи желки, пантери, кучиња, морски полжави, кенгури, кртови и секакви инсекти.
Тој бил толку фасциниран од многуте вкусови, што дури и на неговите забави служел месо од животни што сигурно никогаш не би сакале да ги јадете.