Од талентиран студент до свиреп убиец - Како Јозеф Менгеле станал „Ангелот на смртта“ во логорот Аушвиц?

Озлогласениот Јозеф Менгеле бил доктор кој правел ужасни експерименти врз затворените во логорот Аушвиц за време на Втората светка војна, поради што остана запомнет како „Ангелот на смртта“. Но како овој маж се претворил во свирепиот убиец чии злодела до денес ја згрозуваат јавноста?

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-01.jpg

Јозеф Менгеле е роден во Германија во 1911 година и е најстарото од три деца. Уште во основно, тој се истакнувал над соучениците, а покажувал голем интерес и за музика и уметност.

По завршувањето на средното образование во 1930-та, тој заминал во Минхен за да студира филозофија. Седиштето на нацистичката партија се наоѓало токму овде, а една година подоцна Менгеле станал дел од нацистичката организација што имала главна улога во издигнувањето на Хитлер пред почетокот на Втората светска војна.

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-02.jpg

Во 1935 година Менгеле станал доктор по антропологија, а во 1937-ма станал дел од биолошки институт во Франкфурт каде што почнал да ѝ се посветува на генетиката.

Во 1938 година тој станал и лекар, а следната година стапил во брак со сопругата Ирена со која го добил и единственото дете – синот Ролф.

До почетокот на Втората светска војна, Менгеле веќе бил активен член на нацистичката партија, а за време на војната неколкупати волонтирал како медицинско лице на бојното поле.

До 1942-ра Менгеле добил и неколку признанија за храброста што ја покажал на бојното поле, но истата година бил тешко ранет по што престанал со волонтирањето на терен.

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-03.jpg

Тој период, од камп за затвореници, Аушвиц бил претворен во логор на смртта каде што секојдневно биле убивани бројни Евреи и луѓе од разни националности за кои нацистичката партија сметала дека се инфериорни во однос на нив.

Менгеле пристигнал во Аушвиц следната година, во 1943-та, како медицинско лице.

Но, неговата задача не била да ги лекува луѓето затворени во логорот. Наместо тоа, тој и неговите колеги еднаш неделно ги посетувале болните затвореници и наредувале кои од нив да бидат испратени во гасните комори.

Наводно, ако некој затвореник бил болен повеќе од две недели, Менгеле без двоумење го испраќал во комората.

Лекарите во логорот имале и уште една задача - да ги прегледаат затворениците штом ќе пристигнат. Потоа правеле селекција и затворениците кои биле болни и неспособни за работа, веднаш ги испраќале во гасна комора. 

Додека другите лекари обично ја мразеле оваа обврска и неретко се опивале за да можат да ја завршат, Менгеле со задовлство ја извршувал, неретко и со широка насмевка на неговото лице. 

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-04.jpg

Покрај овие обврски, Менгеле самиот почнал да бара затвореници на кои ќе може да прави експерименти, а најмногу бил заинтересиран за близнаци.

Менгеле бил воодушевен од генетиката и наследните особини, а токму поради ова правел ужасни експерименти на затворениците. Една од целите на неговите страшни истражувања било и докажувањето дека таканаречената ариевска раса е супериорна над сите други.

Менгеле сакал да го зголеми бројот на луѓе од оваа раса, така што ќе ги зголеми шансите за раѓање близнаци.

Децата и затворениците кои биле дел од експериментите на Менгеле имале подобра исхрана и подобро сместување за разлика од другите затвореници и на извесен период биле поштедени од смрт во гасна комора. Но, тоа не го менува фактот дека биле подложени на свирепи експерименти од кои на крај и умирале.

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-05.jpg

Бидејќи луѓето од таканаречената ариевска раса имаат сини очи, Менгеле се обидувал да им ја промени бојата на очите на затворениците вбризгувајќи им секакви хемикалии.

Истовремено, ги убивал луѓето со хетерохромија (различна боја на двете очи) за да може да прави експерименти со нивните очи. Менгеле правел и далеку посурови експерименти и на луѓе со џуџест раст и други физички аномалии.

По завршувањето на војната и затворањето на логорот на смртта, Менгеле побегнал во Чехословачка преправен во друг човек. Набрзо потоа бил уапсен и иако неговиот идентитет бил откриен, поради проблеми во организацијата не се наоѓал на листата на воени криминалци и бил ослободен.

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-07.jpg

Веднаш потоа си набавил документи со друг идентитет, а во 1949 година ја напуштил Германија. Неговата сопруга одбила да му се придружи, па неколку години подоцна се развеле.

Менгеле побегнал во Аргентина каде што наводно отворил нелиценцирана ординација каде правел нелегални абортуси.

Иако станал еден од најбараните нацисти по војната, сепак успеал да ѝ побегне на правдата и умрел во 1979-та, на 68-годишна возраст, додека се капел во Атлантскиот Океан. Наводно, добил мозочен удар и се удавил.

И по неговата смрт постоеле гласини дека е уште жив, но во 1985 година неговиот гроб е откопан, со што било потврдено дека сепак умрел.

И неговиот син Ролф потврдил дека тоа е неговото тело, но дека веста за неговата смрт и другите детали биле прикривани со цел да се заштитат луѓето кои всушност го штителе Менгеле.

od-talentiran-student-do-svirep-ubiec-kako-jozef-mengele-stanal-angelot-na-smrtta-vo-logorot-aushvic-06.jpg

Во 1992 година бил направен ДНК тест со што дефинитивно се потврдило дека тоа е телото на Менгеле.

Денес неговиот скелет се наоѓа во Институт за форензика во Сао Паоло каде што се користи на предавањата по медицина.

Не е познато колку луѓе страдале и умреле од раката на Менгеле, но бројот дефинитивно е огромен. Поради ова, тој останува запомнет како „Ангелот на смртта“, а јавноста до денес се згорзува од неговите злосторства. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg