Каква долна облека ви стои најдобро според типот на вашето тело + како да одберете удобен модел?
Ако имате широки колкови и слаба половина, избегнувајте ги моделите со многу висок струк кои ќе направат вашите колкови да изгледаат уште пошироко.
Како и за останатите парчиња облека, и за долната облека треба да ја земеме предвид формата на нашето тело.
Постојат навистина многу модели на долна облека, но генерално сите имаат одредени карактеристики што се повторуваат, како висината на струкот и дебелината на страничните рабови.
За да го одберете најдобриот модел за вас, треба да обрнете внимание само на овие карактеристики.
Во продолжение, која долна облека ќе ви стои најдобро според типот на телото, како и неколку совети со кои ќе одберете удобен модел:
Одредете го типот на вашето тело
Иако сите имаме различно тело, повеќето можеме да се сместиме во пет главни категории. За полесно распознавање, овие категории се именувани според неколку геометриски форми.
Круг: Кај овој тип половината не е изразена и оваа област е малку поширока.
Триаголник: Во овој случај рамената се потесни од колковите и половината е изразена.
Превртен триаголник: Кај овој тип колковите се тесни, а рамената пошироки. Половината е изразена.
Правоаголник: Кај овој тип рамената и колковите се со приближно иста големина, а половината не е многу изразена.
Песочен часовник: Рамената и колковите се со приближно иста големина и половината е слаба.
Како да ја одберете совршената долна облека според типот на телото?
Превртен триаголник
Најдобро ќе ви стои долна облека со понизок струк. Исто така, препорачливо е страничните рабови да бидат потенки.
Избегнувајте долна облека со висок струк.
Круг
Вам најдобро ќе ви стојат моделите со повисок струк, како и подебели странични рабови.
Избегнувајте ја долната облека со многу низок струк и тенки странични рабови бидејќи го истакнува стомачето.
Песочен часовник
Одбирајте модели со потенки странични рабови, но со повисок струк.
Но, избегнувајте модели со многу висок струк кои можат да направат колковите да ви изгледаат пошироко.
Правоаголник
Ако имате ваков тип на тело, генерално ви стојат добро сите модели на долна облека.
Сепак, ќе изгледате многу подобро со долна облека со понизок струк и потенки странични рабови.
Триаголник
За да создадете рамнотежа помеѓу рамената и колковите, одбирајте модели со низок струк и тенки рабови.
Не е препорачливо да носИте боксерки или модели со многу висок струк.
Како да одберете удобен пар?
Бидејќи постојат стотици различни модели на долна облека, некогаш е навистина тешко да одредите што ќе биде удобно.
Па, следните совети сигурно ќе ви бидат од помош:
Еластичност: Еластичноста е еден од најважните детали кај долната облека. За да не ви се познаваат рабовите, долната облека не треба да ве стега, туку да биде доволно еластична да се адаптира на вашето тело.
Боја и дезен: Избегнувајте модели кои имаат чипка на делот на гениталиите бидејќи може да предизвика иритација. Кога станува збор за бојата нема некои правила, само имајте на ум дека за деновите кога имате менструација многу подобро е да одберете потемен модел – на светлата долна облека речиси сигурно ќе останат дамки од крв ако ви се случи незгода.
Материјал: Памукот е дефинитивно најдобриот материјал ако сакате удобна долна облека. Памучната долна облека е лесна за перење и ѝ дозволува на кожата да „дише“. Секако, слободно купувајте долна облека од друг материјал, но избегнувајте да ја носите по цел ден.
Број: За најлесно да го одредите бројот, потребно е да го измерете обемот на колковите. Потоа на табелата подолу утврдете кој е вистинскиот број за вас. Сепак, имајте на ум дека во зависност од моделот и брендот можеби ќе ви треба еден број поголем или помал.
Спирова С. | Црнобело