Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Момчето со најдолги трепки, „сибирската кралица“: 5-те најуникатни дечиња на светот

Маден Хамфрис од САД имал проблеми со самодовербата поради хетерохрoмијата (очи во различна боја) и расцепот на устата. Нo, откако слаткото детенце нашло мачка која исто така има хетерохромија и расцеп на устата, неговата самодоверба се вратила и го прифатило својот уникатен изглед.

5-slatki-dechinja-chij-unikaten-izgled-kje-ve-osvoi-01.jpg

Секое дете е убаво на свој начин и речиси на сите ни се подобрува расположението кога ќе видиме слатка детска насмевка.

Некои дечиња, пак, навистина се истакнуваат со нивните уникатни карактеристики, па неретко стануваат интернет сензација штом јавноста ќе дознае за нив.

Во продолжение неколку вакви дечиња чиј уникатен изглед ќе ве освои:

Наријана

Наријна е младо девојче од Јакутија, Русија и неретко е нарекувана „Сибирска снежна кралица“. Таа е албино, поради што има многу светол ден и снежнобела коса.

Поради уникатниот изглед, малото девојче редовно добивало понуди од модни агенции, но нејзините родители велат дека не сакаат да ја експонираат уште од рана возраст, па ги одбиваат.

Тие сметаат дека најправилно е Наријана самата да одлучи дали ќе сака да стане модел кога ќе биде доволно голема за тоа.

5-slatki-dechinja-chij-unikaten-izgled-kje-ve-osvoi-02.jpg

Муин Бачонаев

15-годишниот Муин живее во Москва и е познат како момчето со најдолги трепки во Русија.

Според неговите родители, кога се родил, трепките на Муин достигнувале до неговите усни. Според последните достапни информации, пред некоја година неговите трепки биле долги околу 4,3 сантиметри.

Иако изгледа како должината на трепките да е проблематична, во неколку интервјуа Муин има изјавено дека не му претставуваат никаков проблем, како и дека не води некоја посебна грижа за нив.

5-slatki-dechinja-chij-unikaten-izgled-kje-ve-osvoi-03.jpg

Теса Еванс

Теса е 8-годишно девојче од Ирска кое е родено без нос. Наводно таа има синдром познат како BAM (Bosma Arhinia Microphthalmia) кој е многу редок – во минатиот век биле забележани само 100 случаи.

5-slatki-dechinja-chij-unikaten-izgled-kje-ve-osvoi-05.jpg

Јаре Ијалана

Со впечатливите очи и малото совршено лице, Јаре од Нигерија изгледа како кукла.

Таа има осум години, а првпат го привлече вниманието на јавноста во 2018 година кога светските медиуми почнаа да ја опишуваат како „најубавото девојче во светот“.

Јаре уште оди на училиште, но одвреме-навреме работи и како модел.

5-slatki-dechinja-chij-unikaten-izgled-kje-ve-osvoi-4.jpg

Маден Хамфрис

11-годишниот Маден од САД има хетерохромија – едното негово око има кафено-зелена боја, а другото сина.

Малиот Маден е роден и со расцеп на устата за што му е направена операција.

Малото момче се прослави пред неколку години, откако онлајн се појавија фотографии со неговата мачка која исто како него има хетерохромија и расцеп на устата.

Според мајка му, Маден често бил малтретиран на училиште, но мачката му помогнала да го прифати својот уникатен изглед и сега му е најдобра пријателка.

5-slatki-dechinja-chij-unikaten-izgled-kje-ve-osvoi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg