Мажите се вљубуваат побрзо и уште пет неочекувани разлики помеѓу мажите и жените

Знаевте ли дека за жените, сингл мажите мирисаат поразлично отколку оние кои се во брак или сериозна врска? Од друга страна, се верува дека мажите ја немаат оваа „супермоќ“.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-001.jpg

Помеѓу мажите и жените постојат многу разлики, а повеќето не се воопшто видливи.

Покрај разликите во физичкиот изглед, научниците имаат воочено и бројни други – од начин на рамислување, до зголемен ризик за појава на одредени болести.

Во продолжение шест вакви разлики што сигурно ќе ве изненадат:

Жените почесто страдаат од констипација

Иако обично мажите минуваат повеќе време во тоалет, жените се оние кои почесто страдаат од констипација.

Според некои експерти и анкети, мажите се задржуваат повеќе во тоалетот бидејќи тоа им е како бегство од секојдневието. Односно, поголемиот дел од времето што го минуваат внатре, го користат за разонода со читање и скролање на социјалните мрежи.

Жените, од друга страна, иако минуваат помалку време во тоалетот, почесто имаат проблеми како констипација.

Експертите веруваат дека причината за ова е побавното движење на храната низ цревата на жените, но и женските хормони кои имаат влијание врз дигестивниот систем.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-02.jpg

Мажите имаат поголеми заби

Истражување од 2017 година во кое учествувале 250 мажи и 250 жени покажало дека постојат разлики помеѓу машката и женската вилица, како и дека забите на мажите се поголеми од оние на жените.

Друго истражување, кое се фокусирало на мажи и жени од Нигерија, ги покажало истите резултати.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-03.jpg

Мажите се вљубуваат побрзо

Постои верување дека жените се вљубуваат побрзо и поверојатно е тие први да му го кажат тоа на партнерот.

Но, мало истражување покажало дека иако можеби жените први ги откриваат нивните чувства, мажите се оние кои се вљубуваат побрзо.

Во истражувањето објавено во The Journal of Social Psychology учествувале 172 студенти. Иако сите сметале дека жените први ги искажуваат чувствата, резултатите покажале дека машките студенти се вљубувале побрзо од нивните партнерки.

Не е познато зошто е ова вака, но постојат претпоставки дека причината е пребирливоста на жените кога станува збор за избирање партнер.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-04.jpg

За жените, сингл мажите мирисаат поразлично од оние во брак

Многу истражувања се имаат фокусирано на мирисот на нашето тело и неговото влијание врз другите.

Разликите во мирисот можат да бидат суптилни, но експертите сметаат дека нашиот мозок може да ги детектира и според нив да ни помогне да донесувам заклучоци.

Односно, мирисот на телото на нечија личност може да ни даде некакви информации за нејзиното здравје, па дури и нашата генетска компатибилност со неа.

Истражувањата покажале дека мажите кои се во брак (или сериозна врска) имаат пониско ниво на тестостерон, па поради тоа се менува мирисот на нивното тело.

Земајќи го ова предвид, било направено друго истражување во кое учествувале 82 жени на возраст од 18 до 35 години. Нивната задача била да го оценат мирисот на телото, но и изгледот на различни мажи.

Резултатите покажале дека жените несвесно ги оцениле сингл мажите како поатрактивни и повеќе им се допаѓал нивниот мирис.

Па, експертите сметаат дека ова им дава можност на жените несвесно да оценат кој маж е „достапен“.

Наводно, засега нема докази дека истото се случува и кај мажите.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-05.jpg

Жените најверојатно почесто имаат кошмари од мажите

Потребни се повеќе истражувања на оваа тема, но многу досегашни покажале дека жените почесто имаат кошмари.

Според експертите кои работеле на истражувањето, најверојатно ова се должи на неколку фактори. На пример, некои веруваат дека големо влијание има процесот на социјализација уште од рана возраст кој може да биде поразличен за девојчињата.

Исто така, се верува дека жените почесто ги помнат соништата, па можеби затоа изгледа како тие да имаат повеќе кошмари.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-06.jpg

Мажите поретко одат на лекар

Според истражување објавено на веб-сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, жените почесто одат на лекар.

Дури и ако се исклучат посетите за време на бременост, жените сепак одат 33% почесто на лекар за разлика од мажите.

Истото истражување покажало и дека на жените почесто им се препишува терапија со хормони, но и дека многу почесто им се препишуваат антидепресиви.

mazhite-se-vljubuvaat-pobrzo-i-ushte-pet-neochekuvani-razliki-pomegju-mazhite-i-zhenite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg