9-те најчести грешки поради кои чевлите ви предизвикуваат болка
Не ги пробувате чевлите на двете нозе пред да ги купите, не ја земате предвид формата на вашето стапало и купувате чевли без да проверите дали ѓонот ги задоволува вашите потреби.
Неквалитетните, несоодветните и истрошените чевли можат да предизвикаат болка не само во стапалата, туку и во нозете и грбот.
А, ако голем дел од денот минувате со чевли, веројатно веќе имате проблеми со болка.
Но, знаевте ли дека лесно можете да ја намалите, па и целосно да ја избегнете болката ако обрнете внимание на некои работи?
Кога станува збор за купување и носење чевли, повеќето од нас настојуваме да правиме некои ненамерни грешки кои можат да ни создадат проблеми.