9-те најчести грешки поради кои чевлите ви предизвикуваат болка
Не ги пробувате чевлите на двете нозе пред да ги купите, не ја земате предвид формата на вашето стапало и купувате чевли без да проверите дали ѓонот ги задоволува вашите потреби.
Неквалитетните, несоодветните и истрошените чевли можат да предизвикаат болка не само во стапалата, туку и во нозете и грбот.
А, ако голем дел од денот минувате со чевли, веројатно веќе имате проблеми со болка.
Но, знаевте ли дека лесно можете да ја намалите, па и целосно да ја избегнете болката ако обрнете внимание на некои работи?
Кога станува збор за купување и носење чевли, повеќето од нас настојуваме да правиме некои ненамерни грешки кои можат да ни создадат проблеми.
Кои се најчестите?
Купувате чевли наутро – не заборавајте дека во текот на денот нозете отекуваат, па ако пробувате пар чевли наутро и ги купите, до вечер може да ви бидат малку тесни и да предизвикаат болка.
Не ја земате превид формата на вашите стапала и не одбирате соодветни чевли според тоа.
Мислите дека ортопедските влошки се само за луѓе со посерзиони проблеми со нозете и стапалата, но овие влошки нудат подобра потпора на телото и добро е да ги носите бидејќи можат драстично да ја намалат болката.
Секој ден ги носите истите чевли, па тие брзо се деформираат и почнуваат да ви предизвикуваат болка бидејќи не нудат добра поддршка.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





