Не можела да зборува и оди поради присилна лоботомија, била изолирана од светот – трагичната судбина на сестрата на Џон Ф. Кенеди

Постарата сестра на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди имала само 23 години кога татко ѝ одлучил дека треба да ѝ направат лоботомија за да не го уништи угледот на семејството. Поради неуспешната процедура, младата девојка не можела да зборува и оди, а цели 20 години била затворена во куќа, скриена од јавноста и нејзиното семејство.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-001.jpg

Роуз Мери Кенеди (попозната како Розмери) е постарата сестра на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. 

Бидејќи Розмери потекнува од моќно семејство, кога почнала да има проблеми со променливо расположение и напади, татко ѝ заклучил дека единственото решение е лоботомија.

Тој период проблемите со менталното здравје, дури и најмалите, биле табу-тема, па татко ѝ сметал дека лоботомијата е единствениот начин да го спаси угледот на семејството.

По зафатот поради кој Розмери изгубила голем дел од когнитивните способности, таа била одделена од нејзиното семејство, а вистината за нејзината трагична судбина била чувана во тајност со децении.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-02.jpgРозмери во 1938 година

Најверојатно, проблемите со менталното здравје на Розмери потекнуваат уште од мигот кога се родила во 1918 година во Масачусетс.

Бидејќи тогаш земјата се справувала со пандемија од шпански грип, лекарите не биле веднаш достапни кога нејзината мајка почнала да се породува. Поради ова, некоја медицинска сестра ѝ наредила на мајка ѝ да ги држи нозете затворени додека да дојде лекар.

Ова траело два часа, поради што Розмери се соочила со недостаток од кислород, а ова драстично го зголемува ризикот од оштетување на мозокот на бебето и појава од физички инвалидитет.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-08.jpgРозмери со мајка ѝ и нејзините браќа и сестри во 1921 година

Уште во првите години од нејзиниот живот, родителите забележале дека Розмери има тешкотии со учењето нови нешта и доцнела во развојот во споредба со нејзините врсници.

Според некои извори, Розмери имала интелектуална попреченост, но уште се дебатира дали ова било вистина.

Розмери имала проблеми и со училиштето – и покрај тоа што имала приватни тутори, за неа било особено тешко да научи да чита и пишува. Па, на 11-годишна возраст ја испратиле во училиште за деца со интелектуална попреченост.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-03.jpgРозмери во 1924 година

На 15 години Розмери била испратена во друго училиште, каде што учела во посебна училница со помошта на две калуѓерки и наставник. Наводно, на таа возраст Розмери читала, пишувала и сметала како дете од четврто одделение.

Како дел од моќно семејство, Розмери често одела на важни настани, како прогласувањето на новиот папа во Рим во 1939 година, а ја имала посетено и Белата куќа. Според изјава од нејзините родители, таа сакала да стане наставничка и се подготвувала за тоа.

Според сестрата на Розмери, состојбата почнала да ѝ се влошува во 1940 година. Тогаш 22-годишната девојка била лесно раздразлива и „на сите им било тешко да се справат со неа“.

Според изворите, Розмери некогаш имала и насилни испади, а во овие мигови дури и ги удирала другите околу неа.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-04.jpgРозмери во 1938 година

Кратко откако почнале овие проблеми, Розмери била испратена во училиште во Вашингтон. Калуѓерките кои работеле во училиштето тврделе дека Розмери навечер се искрадува од собата и најверојатно има сексуални партнери поради што би можела да се зарази со некоја болест или да остане бремена.

Плашејќи се дека со ова однесување Розмери ќе го наруши угледот на семејството и ќе ѝ наштети на политичката кариера на неговите други деца, татко ѝ одлучил да се консултира со експерти.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-09.jpgРозмери (во средината) со сестрата Џин и братот Џон во 1940 година

Иако денес е забранета, тој период лоботомијата се гледала како одлично решение за многу проблеми со менталното здравје. Па, лекарите го советувале татко ѝ дека оваа процедура ќе ја смири Розмери и ќе го промени нејзиното проблематично однесување.

Татко ѝ се согласил и во 1941 година ја однел Розмери кај лекарите, а ѝ кажал на сопругата дури откако ја направиле процедурата.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-06.jpgРозмери (десно) и нејзината сестра Јунис

Лоботомијата е забранета со причина – со оваа процедура се отстрануваат дел од врските на предниот дел од мозокот, по што пациентот може да ги изгуби когнитивните способности и способноста за зборување. Неретко, по процедурата пациентите останувале во таканаречена вегетативна состојба.

Најтажното во ситуацијата на Розмери е тоа што едниот од лекарите кој ја направил нејзината лоботомија сметал дека таа нема ментална попреченост, туку само депресија.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-07.jpgРозмери (десно) со нејзината мајка и сестра ѝ Кејтлин

Бидејќи лоботомијата не била успешна, Розмери останала со интелектуална способност како на 2-годишно дете. Не можела да оди, ниту да зборува.

Потоа 23-годишната девојка веднаш била однесена во институција, па во куќа што ја направил татко ѝ. Розмери живеела овде со лица кои се грижеле за неа.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-05.jpgРозмери (десно) и нејзината негувателка во 1974 година

Цели 20 години, нејзината мајка не ја посетила ниту еднаш, а нејзините браќа и сестри воопшто не знаеле каде се наоѓа. Всушност, браќата и сестрите не ни знаеле дека Розмери имала лоботомија.

Дури во 1961 година, откако Џон Ф. Кенеди бил избран за претседател на САД, јавноста добила одговор на прашањето „Каде исчезна Розмери“.

Нејзиното семејство изјавило дека таа е во институција, но не поради неуспешна лоботомија, туку бидејќи имала ментална попреченост.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-10.jpg

По смртта на нејзиниот татко во 1969 година нејзините браќа и сестри конечно дознале каде е Розмери и почнале да ја посетуваат. Во 1987-ма, пак, тие ја споделиле со јавноста страшната приказна за нејзината лоботомија.

Низ годините, Розмери научила повторно да оди, но со бастун. За жал, никогаш не си ја вратила способноста за говор, а едната рака целиот живот ѝ останала парализирана.

Розмери Кенеди почина во 2005-та, на 86-годишна возраст, од природна смрт.

ne-mozhela-da-zboruva-poradi-prisilna-lobotomija-bila-izolirana-od-svetot-tragichnata-sudbina-na-sestrata-na-dzhon-f-kenedi-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg