Пожари, поплави и пресушени реки – како навистина изгледаат страшните последици од климатските промени? (фото)
Врнежи од снег кога треба да биде топло, пожари поради рекордно високи температури, поплави поради обилни дождови, пресушени реки и езера – мораме сериозно да ги сфатиме климатските промени бидејќи последиците од нив се катастрофални.
Поради климатските промени, времето станува многу непредвидливо. Па, секоја година се рушат нови рекорди за високи температури, има снежни бури на места кои порано имало малку врнежи од снег, места кои никогаш не биле поплавени сега се соочуваат со страшни поплави, а пожарите ги пустошат шумите и населените места како никогаш претходно.
Овие промени имаат влијание врз целиот жив свет - инсектите, птиците и животните чии инстинкти честопати зависат од сезоните се „збунети“ поради невообичаеното време. Истото важи и за развојот на растенијата кои почнуваат да цутат среде зима бидејќи темпратурите се високи, за потоа да измрзнат поради наглото заладување.
Веќе знаеме дека ние луѓето сме главниот виновник за овие промени, а некои експерти стравуваат дека можеби е премногу доцна за да можеме да ја поправиме целата штета.
За среќа, уште има трошка надеж да ја спасиме планетата и да ги избегнеме уште пострашните последици од нашето несовесно однесување.
Ако сметате дека климатските промени не се голем проблем, следниве фотографии ќе ви покажат како навистина изгледаат последиците од нив:
Манила, главниот град на Филипините, пред и за време на карантинот
Орегон во САД изгледа како сцена од пост-апокалиптичен филм поради пожарите
Април 2021 vs. јануари 2022: Езеро во Португалија кое е речиси пресушено поради недостатокот од дождови
Бизарни временски услови во Колорадо, САД – разликата помеѓу фотографиите е само еден ден
Улица во германско гратче по поплава
Поради високите температури во Портланд, САД, испукал асфалтот на една од главните улици
„Ни страшните поплави не можат да ги затворат пабовите во Австралија“.
Локдаунот во Ерменија го исчистил воздухот, па жителите имале ретка можност да ја видат планината Арарат
Страшна наезда на скакулци во Индија во мај 2020 година
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





