7-годишно девојче се качило на Килиманџаро – Кои се најмладите рекордери во светот?

Мајката на Такер од САД била во 24-тата недела од бременоста кога лекарите морале да му направат операција на срцето додека уште бил во стомакот на мајка му. Па, Такер е најмладата личност на која ѝ е направена ваква операција.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-01.jpg

Повеќето рекорди навистина се за восхит, но уште поневеројатни се младите личности, односно деца, кои успеваат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

Во продолжение седум вакви рекордери кои сигурно ќе ве остават без зборови:

Такер Русин – најмладата личност на која ѝ е направена операција на отворено срце

Во 2013 година, Такер Русин од САД стана најмладата личност на која е направена операција на отворено срце, а веројатно нема да ви се верува колкав бил во тој момент.

Такер сè уште бил во утробата на неговата мајка кога лекарите успешно ја извеле операцијата.

Мајката на Такер била во 20-тата недела од бременоста кога лекарите воочиле дека нејзиното бебе има ретко срцево заболување.

Заболувањето резултирало со тумор кој во случајот на Такер растел многу брзо. Па, лекарите заклучиле дека мораат да пробаат да му направат операција за да го спасат.

Во 24-тата недела од бременоста, лекарите ја направиле операцијата така што направиле засек на стомакот на мајката и ги извадиле само раката и градите на Такер. Операцијата била успешна, а Такер се родил 14 недели подоцна.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-02.jpg

Џулијан Павон – најмалиот професионален тапанар

Во 2009 година, кога имал само речиси 5 години (4 години и 319 денови) малиот Јулијан Павон од САД го одржал неговиот 20-ти концерт, станувајќи најмалиот професионален тапанар.

Талентираното момче почнало да свири на 3-месечна возраст со помош на неговиот татко. Благодарение на поттикот од татко му, тој набрзо станал многу добар, па додека да наполни 20 месеци го издал неговиот прв музички албум.

Архам Ом Талсанија – најмладиот компјутерски програмер

Во 2020 година, Архам од Индија стана најмладиот компјутерски програмер на возраст од шест години, односно неколку денови пред да го прослави седмиот роденден.

Младото момче почнало да покажува интерес за компјутери на 2-годишна возраст, а правел и едноставни видеоигри благодарение на неговиот татко кој му ги покажал најосновните правила за програмирање.

Со помош на татко му, Архам ги збогатил неговите вештини, а кога положил испит за програмскиот јазик Python го срушил светскиот рекорд.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-03.jpg

Грета Тунберг – најмладата личност на годината прогласена од TIME

Во 2015 година, TIME ја прогласи активистката Грета Тунберг за личност на годината. Тогаш таа имаше 15 години, па со ова стана најмладата личност која ја добила оваа титула.

Грета, која живее во Шведска, го привлече вниманието со активизмот и борбата против климатските промени, а досега има одржано многу говори, стои зад многу протести и направи доминација на социјалните мрежи зголемувајќи ја свеста за актуелните проблеми.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-04.jpg

Роксан Даунс – најмладиот уредник

Во 2018-та, два месеца пред да го прослави деветтиот роденден, Роксан од Австралија беше прогласена за најмладиот уредник во светот од страна на Гинис.

Дотогаш младото девојче шест месеци било уредник на магазинот It GiRL Magazine кој се продава во Австралија и Нов Зеланд.

Работните задачи на Роксан вклучуваат пишување и уредување содржини, истражувања и преглед на магазинот пред да биде пуштен во печат.

Наводно, сопствениците на магазинот сакале личност која подобро ја разбира нивната млада публика, па сфатиле дека малата Роксан е совршениот кандидат бидејќи е на таа возраст.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-05.jpg

Монтана Кени – најмладата личност што се качила на Килиманџаро

Во 2019-та, на 7-годишна возраст, Монтана Кени ја искачила Килиманџаро – највисоката планина во Африка – со тоа станувајќи најмладата личност која го направила овој подвиг.

Младото девојче од Тексас сакало да му оддаде почит на нејзиниот татко кој починал кратко по нејзиниот трети роденден.

Интересно е што на почетокот Монтана и нејзината мајка наишле на пречка – на децата помали од 10 години не им било дозволено да се искачуваат. Но, некако допреле до посебна дозвола и сега Монтана ќе остане запомнета засекогаш.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-06.jpg

Зара Рутерфорд – најмладата девојка која летала сама околу светот со авион

Во јануари 2022 година, Зара стана најмладата женска личност која сама го обиколила светот со авион.

Зара е 19-годишна пилотка од Белгија која го почнала патувањето во август 2021 година. Таа поминала 52 земји и 5 континенти, а целото патување траело шест месеци.

Поради големиот ризик, за врме на целото патување Зара не смеела да лета навечер, а по пат се соочила со многу предизвици. На пример, била присилена да остане во Русија цела недела поради лошите временски услови.

devojche-se-kachilo-na-kilimandzharo-na-7-godishna-vozrast-koi-se-najmladite-rekorderi-vo-svetot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg