„Ако заспијам сега, ќе спијам точно 6 часа и 17 минути“ – секојдневни мисли кои не ни дозволуваат да заспиеме

Обидот да заспиеме за некого од нас може да биде навистина деликатна работа.

Ako-zaspijam-sega-kje-spijam-tochno-6-chasa-i-17-minuti-sekojdnevni-misli-koi-ne-ni-dozvoluvaat-da-zaspieme 01 630x330.jpg

Колкупати сте помислиле нешто налик на следново: „Дали на некоја друга планета постојат розови слонови кои летаат?“ – па со самото тоа имагинацијата за тие розови суштества веднаш ви се појавила во главата.

Нашите секојдневни грижи честопати можат да се влијаат на нашите мисли навечер и тоа сериозно може да ни го наруши сонот.

Значи, ако „страдате“ од несоница, дефинитивно ќе се поврзете со овие луди мисли кои често се појавуваат и го попречуваат вашиот ноќен одмор.

Во продолжение за вас издвојуваме неколку „прашални“ попречувачи на сонот во кои веројатно ќе се пронајдете:

„Ја заклучив ли вратата?“

„Ако заспијам сега, ќе спијам точно 6 часа и 17 минути“.

„Што ми шушка во кујната?“

„Премногу ми е топло, ќе ја откријам левата нога. Сега ми е ладно“.

„Се чувствувам како вреќа во очите. Утре ќе изгледам толку уморно“.

„Ќе прочепкам само 5 минути на Инстаграм... И уште 5 на Фејсбук“.

Ako-zaspijam-sega-kje-spijam-tochno-6-chasa-i-17-minuti-sekojdnevni-misli-koi-ne-ni-dozvoluvaat-da-zaspieme 02 630x400.jpg

„Го наместив ли алармот? О, нова порака. Морам да одговорам“.

„Ќе си ја свртам ладната страна на перницата. Нешто ме допре. Да нѐ е пајак? Сепак, тоа е мојата коса“.

„Треба да се шишам, тоа се дополнителни трошоци“.

„Колку години има Бред Пит, а колку Анџелина Џоли?“

„Се прашувам дали некои од моите пријатели не спијат сега“.

Ako-zaspijam-sega-kje-spijam-tochno-6-chasa-i-17-minuti-sekojdnevni-misli-koi-ne-ni-dozvoluvaat-da-zaspieme 03 630x400.jpg

„Дефинитивно ми треба нов душек“.

„Како ќе изгледа мојот живот за 10 години?“

„Спијам на стомак. Не можам да дишам. Спијам на грб и размислувам за луѓето во Лапонија“.

„Утре треба да ја посетам баба ми и да и однесам лекови.“

„Зошто Петар ми раскина пред 8 години?“

Ako-zaspijam-sega-kje-spijam-tochno-6-chasa-i-17-minuti-sekojdnevni-misli-koi-ne-ni-dozvoluvaat-da-zaspieme 04 630x380.jpg

„Ќе и кажам на сестра ми за 500-те денари кои ѝ ги земав лани“.

„Дали Бијонсе размислува пред спиење?“

„Постои ли бесмртност?“

„Духовите на Sims шетаат навечер, време е да заспијам“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg