Не сакале операција, имале различни сопруги и деца – приказната на Енг и Ченг, инспирацијата за терминот „сијамски близнаци“

Енг и Ченг, близнаците кои се инспирација за терминот „сијамски близнаци“, биле ѕвезди низ САД и Европа, имале сопруги кои живееле во посебни куќи каде двајцата поминувале по 3 дена наизменично и имале многу деца, а иако било возможно, одбивале да направат операција за разделување. Од нив менаџерот правел (денес навредливи) шоуа за чудаци, а луѓето плаќале за да ги видат.

ne-sakale-operacija-imale-soprugi-i-mnogu-deca-prikaznata-na-eng-i-cheng-inspiracijata-za-izrazot-sijamski-bliznaci-01.jpg

Ченг и Енг Бункер своевремено биле најпознатите сијамски близнаци и токму од нив потекнува поимот „сијамски“.

Близнаците родени во 1811 година потекнувале од Тајланд. Откако се преселиле во САД, почнале да ги нарекуваат „сијамски близнаци“ поради поранешното име на Тајланд – Сијам.

Ченг и Енг се родени во мај, но уште се шпекулира за точниот датум.

Нивниот татко бил рибар со кинеско потекло кој починал додека близнаците биле многу млади. Нивната мајка, пак, одгледувала патки со помош на другите деца.

Близнаците биле споени на градната коска, но ова не претставувало голем проблем за никого. Според некои извори, Ченг и Енг биле весели дечиња, а нивната мајка се потрудила никогаш да не се почувствуваат отфрлено.

ne-sakale-operacija-imale-soprugi-i-mnogu-deca-prikaznata-na-eng-i-cheng-inspiracijata-za-izrazot-sijamski-bliznaci-04.jpg

Патот до славата на сијамските близнаци го пополичил Шкотланѓанецот Роберт Хантер. Според изворите, тој првпат ги сретнал близнаците во 1824 година додека бил во Тајланд.

Желен за заработка, Хантер веднаш помислил дека близнаците можат да му донесат многу пари ако ги однесе во САД.

На Хантер му биле потребни околу пет години да ги однесе близнаците во САД, но не е познато што точно се случувало во тој период.

Според самиот Хантер, тогашниот крал на Сијам (Тајланд) наредил близнаците да бидат убиени и наводно му забранил да ги изнесе од земјата.

Подоцна се појавиле и гласини дека можеби нивната мајка му ги продала како робови. Овие приказни не се потврдени.

Во 1829 година, кога близнаците имале 17 години, тргнале кон САД заедно со Хантер и преведувач.

ne-sakale-operacija-imale-soprugi-i-mnogu-deca-prikaznata-na-eng-i-cheng-inspiracijata-za-izrazot-sijamski-bliznaci-0.jpg

Штом стигнале во Бостон, близнаците биле прегледани од лекари, а нивното пристигнување било главна тема во локалните медиуми. Голем дел од медиумите споделувале и бројни расистички стереотипи и лаги во врска со Ченг и Енг.

Набрзо потоа, близнаците тргнале на турнеја низ Британија со менаџерот Џејмс Хејл и додека повторно да се вратат во САД, станале спектакл.

За време на патувањата тие биле дел од (денес навредливи) „шоуа за чудаци“, а нивниот менаџер почнал да ги претставува како „сијамски младичи“.

Луѓето кои сакале да ги видат плаќале по 25 центи (денешни 6 долари), а можеле да си купат и цртежи со нив.

Близнаците изведувале и разни точки, како трчање и пливање.

ne-sakale-operacija-imale-soprugi-i-mnogu-deca-prikaznata-na-eng-i-cheng-inspiracijata-za-izrazot-sijamski-bliznaci-06.jpg

Во наредните десет години, Енг и Ченг продолжиле со турнеите, по некое време и сами, без менаџер, а ова им помогнало да соберат солидна сума пари.

Во 1839 година нивната „кариера“ завршила, откако купиле имот во Северна Каролина и си го смениле презимето во Банкер.

Во 1843 година близнаците стапиле во брак со две сестри – Аделејд и Сара Јетс.

По венчавката, тие изградиле две посебни куќи на растојание од 2,5 километри – по една за секоја сопруга. Енг и Ченг живееле и во двете куќи, односно поминувале три дена со сопругата на Енг во едната куќа, па три дена со сопругата на Ченг во другата.

Двајцата близнаци имале и по неколку деца.

ne-sakale-operacija-imale-soprugi-i-mnogu-deca-prikaznata-na-eng-i-cheng-inspiracijata-za-izrazot-sijamski-bliznaci-03.jpg

Извесен период, на близнаците им одело одлично, но за време на Американската граѓанска војна изгубиле голем дел од богатството, па во 1869 година повторно тргнале на уште една турнеја низ Европа.

Новонастанатата ситуација претставувала проблем за Ченг, па тој почнал да пие. Додека да се вратат во САД следната година, Ченг доживеал и мозочен удар.

Околу четири години подоцна, Ченг и Енг починале. Наводно, Ченг починал околу три часа пред Енг. Откако била направена аутопсија, се открило дека браќата имале и споени црни дробови.

ne-sakale-operacija-imale-soprugi-i-mnogu-deca-prikaznata-na-eng-i-cheng-inspiracijata-za-izrazot-sijamski-bliznaci-02.jpg

Кога близнаците првпат пристигнале во САД, лекарите што ги прегледувале утврдиле дека е возможно да бидат разделени со операција. Но, бидејќи Енг и Ченг биле навикнати еден на друг и многу добро се координирале, ја одбиле операцијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg