Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 хотели каде владее тишина, за „дигитална детоксикација“ – тивки масажи, пливање, медитација

Да бидеме искрени, смирувачкиот звук на тишината во нашиот брз и секојдневен живот сè повеќе нè избегнува.

Meditacija-plivanje-kong-masazhi-i-zabrana-za-kakva-bilo-tehnologija-bi-zaminale-li-vo-hotel-za-digitalna-detoksikacija 01 630x330.jpg

Бескрајната медиумска „бучава“ поттикна нови желби и потреби за вистинска тишина, тивко размислување и обид барем за миг да излеземе од канџите на дигиталното секојдневие.

Борбата против „дигиталната деменција“ (краткорочното губење на меморијата) е во значителен пораст во нашата култура на зависност од технологија.

„Прегрнувањето“ на тишината, исто така е можност за ресетирање и полнење на батериите, а истото вообичаено доаѓа со патувањето, поттикнувајќи состојба на умот што всушност го подобрува целокупното искуство.

Таканаречените Silent Retreat хотели веќе неколку години наназад се вистински хит ширум целиот свет.

Од тивки часови, до тивки оброци, хотелите наоѓаат уникатни начини да ги охрабрат гостите да се исклучат од светската врева 24/7 и да ја прифатат буквалната и дигитална тишина која е од суштинско значење за нашето здравје.

Палетата на активности е огромна: тивки масажи, јога и техники на дишење, пливање, читање, контемплативна медитација, гонг бањи, планинарења и многу др.

Луѓето се решаваат за ваквиот тип на „тивки“ одморалишта од многу различни причини, надежи или прашања.

Можеби имало голема промена или загуба во вашиот живот за која треба да размислите, или пак размислувате за нов животен правец или нова кариера.

Во секој случај, таканареченото повлекување може да донесе поголема јасност и да ви помогне да го пронајдете одговорот во себеси.

 Па, би заминале ли на неколкудневна „дигитална детоксијација“?

Во продолжение за вас издвоивме неколку хотели со беспрекорен допир на тишината:

Vivamayr Altaussee, Aвстрија

Bali Silent Retreat, Индонезија

Happy Buddha Retreats, Aвстралија

Quiet Mind Retreat, Kaлифорнија

Maruia River Retreat, Нов Зеланд

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg