Скролање на телефон додека се во тоалет и уште 9 најлоши навики на луѓето (од кои се срамат)
-->
Користење псовки, гризење нокти, скролање на телефон додека сме во тоалет… Кои се вашите најлоши навики од кои се срамите?
На Reddit се појави интересна дискусија за тоа кои се најлошите навики што луѓето ги прават, од коишто се срамат, но едноставно не можат да се откажат од нив.
-->
„Која е вашата најлоша навика од која не можете да се одвикнете, а со сигурност ја презирате?“ – е насловот на дискусијата отворена на оваа социјална мрежа.
Според човекот што ја започна дискусијата тој има проблем со користење на изразот п**ер како навреда, а еве од кои навики се срамат останатите:
„Трошам премногу време на скролање на телефонот.“
„Тоа што јадам грицки по вечерата додека не почувствувам дека стомакот ми е преполн. За среќа трчам многу па не се здебелувам, но постојано си ветувам дека тоа е последен пат.“
-->
-->
„Тоа што ги грицкам ноктите. Се обидов на секој начин да престанам.“
-->
„Го чепкам носот. Ве молам не ме обвинувајте.“
„Тоа што постојано ги одложувам работите. Секоја вечер си легнувам и велам 'од утре ќе биде поинаку, сè што треба ќе завршам'. Никогаш не го правам тоа.“
-->
„Тоа што користам премногу псовки. Додека растев постојано ме критикуваа, а денес имам 30 години и мајка ми сè уште ме опоменува.“
„Постојано морам да ги крцкам коските: прсти, зглобови, грб, врат, колена…“
„Тоа што постојано морам да доминирам во секој разговор. Свесeн сум дека го правам тоа и ги нервирам другите околу мене, но не можам да престанам. Понекогаш само сакам да можам да замолкнам и да слушам.“
„Тоа што се расправам со луѓе на социјалните мрежи. Не можам да се воздржам, кога ќе видам некои глупави коментари морам да им вратам.“
„Бев во тоалет и скролав на телефон кога го видов вашиот коментар и сега ви пишувам.“
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com / freepik.com
Би можело да ве интересира:
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни)
„Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме
Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било)
Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото)
„Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот
Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија
„Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...