Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Lykke во Данска, Meraki во Грција – 5 принципи за среќа од различни краеви на светот

Сите се стремиме кон среќа, иако таа е различна за секого и не имплицира исти цели. Сепак, во стремежот да бидеме среќни можеме да водиме поздрав и поисполнет живот, а тоа го покажуваат различни примери низ светот.

5-principi-za-srekja-shirum-svetot-01.jpg

Среќата можеби не е првиот збор што ни паѓа на памет во последните две години. Но, тоа не значи дека не можеме да научиме нешто за неа, да примениме некои нови принципи за да ѝ се доближиме.

Среќата е под влијание на многу фактори и нивното балансирање носи повеќе инспирација, а можеби и нови начини и модели на однесување. Издвоивме точно пет принципи за среќа од различни земји ширум светот:

Saudade – Бразил

Овој збор може да се преведе како еден вид носталгија или копнеж за минатото и среќата што некогаш ја имавме.

Тоа може да биде горчлив спомен од детството, а во Бразил има дури и ден посветен на ова чувство – 30 јануари.

Иако не секогаш станува збор за среќен спомен, поврзувањето со нешто тажно или изгубено може да ви покаже сè што имате денес и да ве поттикне да бидете благодарни за тоа и – барем малку посреќни.

Lykke – Данска

Овој принцип се однесува првенствено на топлина, радост, а следствено на тоа и среќа. А среќата не е само недостижна идеја во Данска, туку и нешто многу повеќе од тоа.

Ова го поткрепува и фактот што оваа земја е секогаш на врвот на индексот на најсреќни земји. Во тоа име во Данска се отвори и музеј посветен на среќата.

Shinrin-yoku – Јапонија

Практиката која вклучува капење во шума е единствениот начин за борба против стресот и депресијата, каде природата е главен сојузник. Докажано е дека престојот во природа го намалува стресот и го подобрува општото здравје, а овој принцип го промовира токму тоа.

Сè што треба да направите е да најдете мирно место во природата и да ги гледате, слушате и допирате дрвјата, постојано дишејќи длабоко. Ова ќе ве опушти и ќе ви даде чувство на среќа.

Meraki – Грција

Значењето на зборот мерак не треба конкретно да им се објаснува на луѓето од нашето поднебје, едноставно треба да се потсетуваат на неговото значење.

Ова првенствено се однесува на хоби кое ви дава чувство на радост и исполнетост, а тоа е особено важно доколку вашата секојдневна работа не ве прави среќни и исполнети.

Затоа е важно да го пронајдете она што ви се допаѓа и да го занемарите она што не ве исполнува.

Dolce far niente – Италија

Ова е практика која веројатно повеќето луѓе треба да ја следат, а се работи за уживање во моментите кога не правиме ништо и потребно е само да бидеме свесни во и за моментот.

Наместо да се нервирате за ситници, доволно е само да седнете, да пиете еспресо и да оставите животот да си оди по својот пат. Ќе бидете благодарни за ослободувањето од стресот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg