5 срамни моменти од животот на кралицата Елизабета кои сака да ги заборавиме

Моментот кога непознат маж успеал да се искачи до прозорецот од нејзината спална соба и да ја види во ноќница, скандалот со нејзиниот син, принцот Ендру кој е обвинет за силувања - во какви непријатни ситуации се нашла кралицата Елизабета, за кои сигурно сака јавноста да заборави?

5-sramni-momenti-od-zhivotot-na-kralicata-elizabeta-koi-saka-da-gi-zaboravime-01.jpg

Таа важи за строг владетел, ја почитува традицијата и правилата, има силна репутација и сака сите да се водат по нејзиниот пример, но неколкупати потфрли...

Во својот 95-годишен животен век таа се најде во неколку непријатни ситуации, за кои сигурно сака јавноста да заборави.

Кои се тие скандали и непријатни ситуации во кои кралицата се нашла во небрано?

Не плаќала данок

Беше обвинета за неплаќање данок и уплата на милионски суми на оф-шор компании на Бермуда, додека граѓаните спијат на улица.

5-sramni-momenti-od-zhivotot-na-kralicata-elizabeta-koi-saka-da-gi-zaboravime-02.jpg

Ја користела моќта за да ја „извади“ ќерката од проблеми

На почетокот на 2000-ите, нејзината ќерка, принцезата Ана доби казна од 500 фунти бидејќи нејзините кучиња нападнале две деца.

Луѓето тоа не го гледале како доволна казна и ја обвинија кралицата дека вмешала прсти за ќерка ѝ полесно да помине.

5-sramni-momenti-od-zhivotot-na-kralicata-elizabeta-koi-saka-da-gi-zaboravime-03.jpg

Пропуст во воспитувањето на едниот син

Принцот Ендру е нарекуван најскандалозен лик во кралското семејство.

Уште во минатото се стекна со лоша репутација кога медиумите објавија дека носи порно актерка дома, а најголем скандал беше поврзаноста помеѓу него и Џефри Епстајн.

Прочитајте повеќе: Обвинувања за силување, протерување од кралското семејство – Синот на кралицата Елизабета ги изгуби сите титули

5-sramni-momenti-od-zhivotot-na-kralicata-elizabeta-koi-saka-da-gi-zaboravime-04.jpg

Неуспешна во улогата на баба

Меган и Хари ја шокираа јавноста во 2021, кога во гостување кај Опра открија дека се соочувале со расистички навреди во кралската палата и ред други неправди.

Каде била кралицата да спроведе ред, а воедно и да застане на страната на внукот Хари и неговата сопруга Меган?

Прочитајте повеќе: Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?

5-sramni-momenti-od-zhivotot-na-kralicata-elizabeta-koi-saka-da-gi-zaboravime-05.jpg

Непознат маж ѝ влезе во спална

Иако Бакингемската палата е позната како место каде е невозможно да се влезе, сепак безбедноста не била најсилна, па летото во 1982-ра година, обезбедувањето направило превид и 32-годишен маж успеал во својата намера. 

Тој се качувал преку ѕид и цевки до спалната на кралицата каде прозорот бил отворен, а стана хит со интервјуа и изјави за тоа во каква ноќница била облечена владетелката и што правела.

5-sramni-momenti-od-zhivotot-na-kralicata-elizabeta-koi-saka-da-gi-zaboravime-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg