Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Плачете на својата свадба

kum-deverusi-prsten-znacenje-povekjeПред да се одлучите кои традиционални правила ќе ги вклучите на својата венчавка, размислете и проучете убаво кое е нивното значење. Мислите дека...


...не треба да плачете додека се венчате? Грешка сте! Проверете зошто.

kum-deverusi-prsten-znacenje

1. Кум. Изборот на кумот датира од старите времиња кога мажот со сила ја освојувал невестата. Кумот во тој случај требал да ја задржи фамилијата на невестата додека да побегне парот.

2. Деверушите облечени во исти фустани треба да ги истераат сите зли и љубоморни духови кои би се обиделе да ги спречат младенците да се венчаат.

3. Плачете на својата венчавка! Или барем преправајте се дека плачете. Традицијата вели дека невестата која не плаче на венчавката ќе плаче многу во бракот.

4. Венчален прстен. Старите еѓипјани верувале дека кругот претставува вечност. Венчалниот прстен треба да биде знак дека бракот ќе трае вечно.

5. Брачниот прстен носете го на четвртиот прст на левата рака. Еѓипјаните верувале дека тоа е начин да се спречи бегањето на љубовта од срцето.

6. Свадбена торта. Поделете им на сите гости парче од свадбената торта. Римјаните верувале дека тоа ја осигурува брачната среќа, но и дека носи среќа на гостите кои јаделе од неа.

7. Медениот месец исто така датира од времето кога младоженците на сила ја воделе невестата, па морале да се кријат се додека нејзиното семејство не го прифати нивниот брак.

Би можело да ве интересира:

Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Чудни (но практични) работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Чипс со вкус на цвет од црешово дрво, но и автомат за банани – што сè можете да ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Лак за нокти, фен за коса – Како изгледале секојдневните предмети во минатото? (фото) Сте виделе ли како изгледа фен за коса од пред 100 години? А, знаете ли какви вл...
Ја изневерувал со мажи, ѝ давал дрога: Скандалозниот брак на принцезата Маргарет, сестра ѝ на Елизаб... Во 18-те години што биле заедно, Ентони не престанал да ја изневерува принцезата...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg