„Маките“ на сите девојки и жени, низ забавни илустрации
Мислиме дека ќе изгледаме одлично со широка зимска јакна, но всушност личиме на маскотата на Michelin. Не можеме да почнеме со јадење сè додека не најдеме нешто забавно за гледање. Му велиме на партнерот дека не сакаме подарок за Денот на вљубените, кога и самите знаеме дека тоа е една голема лага.
Илустраторката Бела Марис одлично ги доловува секојдневните ситуации и проблеми на жените и девојките преку нејзините забавни илустрации.
Своите забавни дела таа ги споделува на Инстаграм каде што има над 113.000 следбеници.
Како и повеќето артисти, Бела црпи инспирација од нејзиното секојдневие и проблемите со коишто самата се соочува. Потоа, со мала доза хумор ги пренесува на нејзините илустрации во кои сигурно ќе се пронајдете.
Дел од смешните илустрации на талентираната артистка:
Спирова С. | Црнобело