Корисен трик: Како обичниот градник да го претворите во модел за облека со гол грб? (видео)
Како за 0 денари да имате совршен градник за вашиот фустан со гол грб? Потребни ви се само ножици, конец и игла и стар градник...
Сѐ почесто се носат парчиња облека со гол грб, а да се пронајде вистинскиот градник без ремче на грбот е вистински кошмар.
Често се случува токму кога ви треба таков модел на градник, да немате дома.
Па, како да пронајдете брзо и лесно решение?
Земете го кој било постар обичен градник, исечете го задниот дел од градникот, а прерамките сошијте ги од страна.
Ќе добиете удобен градник, кој одлично ќе ви ги држи градите.
Девојка по име Кристина Качеева го сподели овој трик на ТикТок и видеото стана вирален хит со повеќе од 5 милиони прегледи.
Корисниот трик е лесен за изведба:
@kristinakacheeva Trying this Tiktok hack. What do you think? #stylehacks #styleinspo #brahack #brahacks #hack #hacks #styleinspo #girltips #girlhacks #fashionhacks ♬ this is what falling in love feels like - JVKE
С. С. | Црнобело