Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мамли ги гонеше криминалците, а сите ја сакаа неговата заразна смеа – Се сеќавате ли на овој цртан лик?

Го помниме по неговата заразна смеа, начинот на кој ги надмудруваше криминалците, но и автомобилот што му се распаѓаше. Познатото куче детектив беше наш верен пријател со кого растевме. Се сеќавате ли на него?

gi-nadmudruvashe-kriminalcite-a-site-ja-sakaa-negovata-zarazna-smea-se-sekjavate-li-na-ovoj-crtan-lik-01.jpg

Неговото име сè уште често го спомнуваме обично во контекст кога сакаме да кажеме дека некој сам се обидува да му се спротивстави на криминалот и на неправдите.

Инспектор Мамли беше симбол на детството на оние што растеа во 80-тите и во почетокот на 90-тите години.

Кучето со заразна смеа беше приватен детектив со портокалов мантил и на креативен начин се обидуваше да ги спречи криминалните дејствија, а остави огромен печат врз детството на голем број генерации.

Кај нас е познат како „Инспектор Мамли“, а во оригинал името на овој цртан филм бил The Mumbly Cartoon Show и е создаден во продукција на продуцентската куќа што стои и зад легендарните „Том и Џери“, Hanna-Barbera Productions.

gi-nadmudruvashe-kriminalcite-a-site-ja-sakaa-negovata-zarazna-smea-se-sekjavate-li-na-ovoj-crtan-lik-02.jpg

Иако, кај нас беше доста популарен, во САД Мамли не оставил некој особен впечаток, па само по една сезона од 16 епизоди неговото снимање било прекинато.

Оригинално цртаниот филм се емитувал на програмата на ABC во периодот од 1976-та до 1977-ма година.

Поранешна Југославија е една од земјите каде овој цртан бил емитуван од 1985-та до 1986-та, а со Мамли имале можност да се запознаат и гледачите од Западна Германија, Франција и Полска.

На YouTube денес може да се најдат видеа од цртаниот филм на англиски јазик, но и на српски каде Мамли беше познат како „Инспектор Драгуљче“.  

Потсете се на заразната смеа на кучето детектив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg