„Се срамев од моите мали гради и ги криев со пуш-ап градници - сега научив да ги сакам“
„Мојата верзија од 2017-та година нема да верува дека израснав не само да ги прифатам, туку и да ги сакам моите мали гради... И да, уште знаат да ми кажат дека изгледам како момче, но го прифатив и тоа.“
Лиза Бенкс oд Сиднеј, Австралија е девојка која постојано работи на промовирање на позитивност кон сите типови на тело.
Неодамна таа призна како се срамела од своите мали гради и ги криела со години со пуш-ап градници. Дефинитивно приказна во која ќе се пронајдат многу девојки.
Во видеото таа прикажува фотографија од 2017 година за која вели дека ги криела градите зад пуш-ап градник, а потоа покажа како изгледа денес без оптовареноста да носи градник.
Лиза самоуверено ја прикажува својата фигура и им порачува и на другите девојки да се сакаат такви какви што се.
„Мојата верзија од 2017-та година нема да верува дека израснав не само да ги прифатам, туку и да ги сакам моите мали гради.“
На видеото доби многу пофални коментари од типот:
„Нема потреба да се криеш, ти си прекрасна“,
„Толку сум среќна што се пронајде себеси и си горда на тоа што си.“,
„Потребно е време да се прифатиш себеси и ментално да ти биде комфорно така, но откако ќе го направиш тоа, сфаќаш дека никој не те зјапа.“...
Видеото на Лиза, кое е убава порака за сите девојки:
@lisa_banks_ Me back then wouldn’t have believed I would grow to not only accept but love my small boobs ? ##smallboobs ##bodypositivity
♬ Lost Souls - lizok