Релаксација на базен

relaksacija-na-bazen-povekjeТоа што ова лето не сте во можност да посетите некој егзотичен остров или монденско летувалиште не значи дека одморот треба да го поминете дома.


Одењето на базен заедно со саканата личност или пак со некое друштво со кое се чувствувате пријатно, секако ќе ви годи во овие топли денови.

relaksacija-na-bazen

Сепак, за потполно да се опуштите и да се релаксирате, мора да се придржувате до одредени правила кога е во прашање користењето на базен.

Пред да влезете во базен – задолжително истуширајте се! Тоа има хигиенска. но и адаптациона улога. Со испирањето на кремата за сунчање и валканоста ќе спречите да се извалка водата, а истовремено ќе го подготвите телото за промена на температурата.

Исто така и туширањето по излегување од базен има своја позитивна страна. Со испирање на хлорот ќе го спречите сушењето на кожата.

Без оглед на тоа дали летото ќе го поминете на базен, употребата на средства за сончање е неопходна. Хлорот во комбинација со штетното зрачење на сонцето нема да донесе ништо добро.

Би било пожелно при тоа да не користите маслиново масло и други мрсни препарати затоа што нивните остатоци ќе се забележат во базенот. Во секој случај, телото намачкајте го половина час пред повторно да се одлучите да влезете во вода.

Имајте на ум дека кожата не е единственото нешто што теба да се заштити од хлорот - на удар е и косата!

Доколку добро не ја исплакнете по секое излегување од базен, хлорот негативно ќе влијае на пигментите и на кожата на главата – дополнително ќе ја исуши косата и ќе направи да изгледа неугледно.

Поради тоа тушот е спасоносно решение! Со малку почит кон другите, нема ниту една причина ова лето да не се релаксирате покрај некој отворен базен.

Би можело да ве интересира:

20 фотки кои ќе ве предомислат ако мислите дека не ви треба летен одмор Ако мислите дека не ви е потребна малку релаксација од работата и да отпатувате ...
Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Смешни и чудни (интернет) трендови со кои бевме опседнати минатата деценија Играчката „фиџет спинер“ и трендот со танцување познат како Harlem Shake – со ко...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg