Годините се само број - Највлијателните модни личности на Инстаграм постари од 50 години (фото)
Овие жени со својот префинет моден вкус ги уриваат сите предрасуди и докажуваат дека годините не се пречка за беспрекорен стил.
Со оглед на долгогодишната опседнатост на модната индустрија со млади луѓе, постојат и многу стилски личности кои покажуваат голема модна свест, храброст и подготвеност за експериментирање, иако веќе не се во своите дваесетти и триесетти години.
Тие имаат стотици илјади обожаватели на нивните Инстаграм профили и докажуваат дека убавата жена, едноставно, не старее.
Погледнете како изгледаат дел од највлијателните модни личности постари од 50 години:
Линда Родин (73)
Препознатлива по својата женствена модна естетика, долгата седа коса и црвениот кармин, Линда ги урива сите предрасуди за тоа како треба да изгледа една жена во осмата деценија од животот.
Таа работела како стилистка на модните кампањи на италијанскиот Vogue и Victoria's Secret, а светот на убавината го освоила со своите масла и козметиката „Rodin“.
Лин Слејтер (68)
Во светот полн со 20-годишни модни блогерки, Лин не е само големо изненадување во оваа индустрија, туку некоја која сериозно може да се натпреварува со популарните девојки.
Оваа професорка и социјален работник го започнала блогот Accidental Icon (случајна икона) во 2014 година и оттогаш го привлекува вниманието со својот стил каде и да се појави.
Инес де ла Фресанж (64)
Француската манекенка Инес де ла Фресанж била муза на познатиот дизајнер Карл Лагерфелд и важи за олицетворение на парискиот стил, заокружен со модната библија La Parisienne, која ја објави во 2010 година.
Грес Ганем (53)
Грес е личен тренер и живее во Монтреал. Во светот на инфлуенсерите влегла случајно, преку блогирање заедно со нејзината ќерка.
Нејзиниот Инстаграм сега има речиси 700.000 следбеници и ја направи една од најбараните инфлуенсери за големите моќни брендови како Sephora, Club Monaco и Farfetch.
(О)Милена | Црнобело