10 причини зошто не сте богати

10-pricini-zosto-ne-ste-bogati-povekjeПретпоставувате дека се работи за недоволна количина на пари која што ја заработувате, но не се во прашање количината на парите, туку начинот...


...на кој се однесувате кон парите во секојдневниот живот.

Ова се дел од причините поради кои најверојатно не сте богати:

10-pricini-zosto-ne-ste-bogati

1. Важно ви е што ќе кажат соседите – доколку се натпреварувате со соседите, ги фрлате своите тешко заработени пари на играчки со кои што ќе ги импресионирате другите - нов автомобил, нови столици за во двор... каде ли ви е крајот?

2. Невнимателни сте – си имате картичка, па си се задолжувате каде стигнете. Што ако сте во минус две плати, кога си имате нови чевли, долна облека, си бевте на фризер...

3. Имате лоши навики – Ако сте пушач и удрите математика колку од парите ви одат на цигари... истото важи и за коцкањето.

4. Немате цел - тешко е да се изгради богатство доколку не сте издвоиле време да размислите што всушност сакате. Ако не сте си поставиле цел, веројатно нема ниту да ја остварите. Мора да направите нешто повеќе од изјавата „Сакам да бидам милионер“. Направете си план за трошоците кои ви се очекувани и водете се според него.

5. Не сте подготвени – лошите работи повремено им се случуваат и на најдобрите, па ако не сте подготвени за такви работи (не сте осигурени, на пример) било кое богатство може да го снема за секунда.

6. Се обидувате да заработите на брзина – за повеќето претприемачи, богатството не доаѓа инстантно. Брзата заработка најмногу зависи од начинот на кој инвестирате, а тоа треба да биде добро промислено.

7. Се потпирате на другите – имате другар банкар па тој сега знае сè, и ви кажува што да правите, каде да вложувате. Пријателите решиле да играат на берза па ајде и вие. Не секој знае како да управува со парите.

8. Вложувате во работи кои не ги разбирате - си купивте телефон како на пријателот затоа што е во мода, си зедовте нов лаптоп, а воопшто и не знаете зошто. Уште и да купите стапови за голф иако не сте играле никогаш.

9. Се плашите од ризик - она што го имате ви стои на сметка, не ги вложувате никаде каде би можеле да добиете поголема камата, не штедите.

10. Ги игнорирате своите трошоци – имате став дека доколку доволно заработите, финансиите ќе се погрижат сами за себе. За жал, потребно е да планирате за да создадете богатство.

Би можело да ве интересира:

Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
Во Саудиска Арабија ќе ве уапсат: На кои места во светот не смеете да правите селфи? Сакате да се сликате со разјарените бикови кои трчаат низ улиците на Памплона? М...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Како да препознаете дали облеката што ја купувате е квалитетна (без разлика на цената)? Обрнете внимание на мирисот – ако облеката мириса чудно, дури и како некое хемис...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg