Како да препознаете дали облеката што ја купувате е квалитетна (без разлика на цената)?
Обрнете внимание на мирисот – ако облеката мириса чудно, дури и како некое хемиско средство, најверојатно е изработена од евтини синтетички материјали.
Обично мислиме дека колку е поскапо некое парче облека, толку е поквалитетно.
Можеби ова е точно во повеќето ситуации, но не треба да заборавиме дека некогаш и скапите парчиња се со лош квалитет, како и дека важи спротивното – постои квалитетна облека по многу ниска цена.
Па, како да познаете дали некое парче е квалитетно, без разлика на цената?
Обрнете внимание на тежината
Поквалитетните материјали се погусти, односно се користи повеќе конец.
Што значи, квалитетната облека секогаш ќе биде малку потешка од онаа со лош квалитет.
Исто така, поради оваа поголема густина, облеката не ја губи формата ако се растегне и материјалот не изгледа транспарентно.
Проврете ја поставата на јакните и палтата
Кога купувате јакна, палто и слично, секогаш обрнете внимание на поставата.
Нејзината големина треба да биде соодветна со големината на јакната, односно не треба да виси или да изгледа како да е премногу мала.
Поставата треба да биде и од квалитетен материјал кој е исто така и мек.
Протријте ја облеката
Еден од најголемите проблеми кај неквалитетните парчиња е создавањето топчиња од самиот материјал кои прават облеката да изгледа старо.
Покрај тоа, може да биде предизвик да ги отстраните овие топчиња.
Топчињата најчесто се формираат кај облека од синтетички материјали, или облека во која доминираат синтетички материјали. Што значи, обрнете внимание на составот.
Исто така, можете да искористите и трик – протријте два дела од истата облека и доколку е со лош квалитет, речиси веднаш ќе се формираат топчиња.
Проверете ги џебовите
Кога станува збор за квалитетни сакоа, капути и слично, обично страничните џебови се зашиени.
Целта на ова е да се задржи формата на џебот и сакото.
Па, штом купите нешто со зашиени џебови, најверојатно станува збор за квалитетно изработено парче облека.
Откако ќе го купите, препорачливо е да ги рашиете џебовите.