Одрони, мала видливост, несовесни возачи - 10-те најопасни патишта ширум светот
Во лоши временски услови, секој автопат може да биде опасен, но постојат патишта по кои не би се осмелиле да возите дури и кога времето е убаво.
Дали поради големата надморска височина, многуте кривини или несовесното возење на локалните жители, во светот постојат многу патишта кои се навистина опасни.
Во продолжение нешто повеќе за дел од нив:
Col du Chaussy, Франција
На височина од 1.531 метар во регионот Рона-Алпи во Франција, се наоѓа патот познат како Col du Chaussy.
Патот е долг само околу 3 километри, но на ова растојание има 17 кривини и ќе ви се чини како да се качувате по карпа. Патот е ограден со бетонска ограда и важи за еден од најопасните во светот.
Автопатот Karnali, Непал
Овој пат е одговорен за смртта на околу 50 луѓе секоја година, најмногу поради лошата видливост.
Покрај намалената видливост од прашината, патот има многу тесни места, чести одрони, дупки и многу нерамнини.
Наводно, не е препорачливо да се вози по автопатот навечер поради многуте сообраќајни несреќи кои настануваат тогаш.
Atlantic Road, Норвешка
Иако изгледа неверојатно, ова е еден од најопасните патишта во Норвешка. Возењето по овој пат е како на луда железница, исполнето со многу остри кривини.
Покрај тоа, кога времето е лошо (нешто што е честа појава во оваа област) речиси и да не се гледа ништо, а некогаш има и бранови кои удираат во патот.
North Yungas, Боливија
Ова тесно планинско патче со многу кривини некогаш бил единствената рута до главниот град на Боливија – Ла Пас.
За среќа, денес постои нов, многу побезбеден пат до градот, но North Yungas сè уште е популарен помеѓу локалните жители, особено за велосипедисти.
Фактот што овде загинуваат околу 200 луѓе годишно не ги спречува да се движат по него.
Тунелот Guoliang, Кина
Тунелот е направен во 1977 година од страна на неколку локални жители, а изградбата траела пет години бидејќи некои од нив загинале.
Тунелот е висок 4 метри, а широк само три.