Одрони, мала видливост, несовесни возачи - 10-те најопасни патишта ширум светот

Преминот Zoji La, Индија

Овој пат се наоѓа на Хималаите, на околу 8.000 метри надморска височина. Патот не е асфалтиран, што претставува голем проблем во постудените месеци кога има дожд или снег.

odroni-mala-vidlivost-nesovesni-vozachi-10-te-najopasni-patishta-shirum-svetot-06.jpg

Автопатот Karakoram што ги поврзува Кина и Пакистан

Ова е највисокиот асфалтиран пат во светот и се наоѓа на 4.600 метри надморска височина. Но, асфалтот не го прави побезбеден од другите патишта на листава.

За време на изградбата на автопатот загинале дури 82 градежници, најмногу поради одроните кои претставуваат опасност и денес. На патот имаат настанато и многу сообраќајки.

Наводно, постоеле планови за проширување на автопатот од 9,7 на барем 20 метри, но властите биле загрижени дека со ова само ќе се зголеми бројот на возила по што ќе се случуваат уште повеќе несреќи.

odroni-mala-vidlivost-nesovesni-vozachi-10-te-najopasni-patishta-shirum-svetot-07.jpg

Canning Stock Route, Австралија

За разлика од повеќето патишта на листата, овој автопат не се наоѓа на планина, но е многу долг и се смета за еден од најизолираните. Од почеток до крај, патот е долг околу 1.800 километри и ќе ви требаат недела-две за да го извозите цел.

На патот има многу прашина бидејќи не е асфалтиран, а во летните месеци е речиси неподнослив поради високите температури.

Властите препорачуваат сите кои планираат да го возат патот со себе задолжително да понесат повеќе храна и вода.

odroni-mala-vidlivost-nesovesni-vozachi-10-te-najopasni-patishta-shirum-svetot-08.jpg

Skippers Canyon Road, Нов Зеланд

Овој пат е толку опасен, што осигурителните компании во Нов Зеланд не ги покриваат несреќите што настанале на него.

Патот е екстремно тесен и ако случајно наидете на возило кое доаѓа од другата страна, можно е да треба да враќате рикверц и до 3 километри пред да најдете место да свртите или да се разминете.

Патот е направен пред околу 140 години од страна на рудари, без речиси никаква опрема освен дупчалки и динамит.

odroni-mala-vidlivost-nesovesni-vozachi-10-te-najopasni-patishta-shirum-svetot-09.jpg

Tizi-n-Test, Мароко

Патот се наоѓа на планината Атлас во Мароко и нема никаква ограда што би ве заштитила од пад. Покрај многуте кривини и височината, голем проблем претставуваат и локалните жители кои возат пребрзо по патот.

Во зимските месеци, пак, речиси секојдневно има одрони и лавини.

odroni-mala-vidlivost-nesovesni-vozachi-10-te-najopasni-patishta-shirum-svetot-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg