Внимателно со комплиментите

vnimatelno-so-komplimentite-povekjeИако се чини дека не е така, со комплиментите човек мора да игра внимателно. Кога даваме комплименти, важно е да обрнеме внимание на многу работи.


Не е поентата во тоа само да пофалите некого, да кажете нешто убаво и да се насмеете. За да упатениот комлимент постигне ефект, што всушност е и целта на комплиментот, треба да се обрне внимание на деталите.

vnimatelno-so-komplimentite

Како и во повеќето случаи, ситниците значат многу повеќе одошто можеме да претпоставиме. Треба да се обрне внимание и на искреноста на кажаното, како и на моментот во кој нешто ќе се изговори без непотребно заобиколување.

Секој обид да се глуми при давање на комплименти е контрапродуктивен. Тоа треба да се избегнува бидејќи ќе ви биде непријатно и вам и на личноста на која комплиментот и е наменет.

Затоа, потрудете се да бидете спонтани, позитивни и пред сè искрени. Ако однапред се подготвите, сè може да излезе извештачено и наместено.

Кога давате комплименти, потрудете се да бидете конкретни. На пример, подобро е да се каже: „Ти навистина добро готвиш“ отколку „Ова јадење е многу вкусно“. На личноста на која и делите комплименти повеќе ќе и се допадне ако ги истакнете одредените заслуги кои и припаѓаат.

Моментот во кој се изговара комплиментот е пресуден. Доколку сакате да делувате искрено, одберете го вистинскиот момент. На пример, подобро е комплиментот за јадењето да го дадете по вечерата отколку во текот на утрешниот ден.

А како е со примањето комплименти?

Пред сè, бонтотнот наложува дека основно правило е да се насмеете и да се заблагодарите на комплиментот.

Би можело да ве интересира:

Што да однесете како подарок на слава? Во ек се куќните слави – веројатно едни од најубавите поводи за да се видите со ...
Инвалидска количка претворена во кочијата на Пепелашка: Креативни Halloween маски на луѓе со попрече... Девојка со ампутирани екстремитети како порцеланска кукла, детенце во инвалидска...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“ „Одлична ужинка – гризни ја“ стои на натписите на маичките за деца што шпанскиот...
Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg