Опуштено стомаче, целулит: Девојка промовира љубов кон себе покажувајќи ги нејзините „несовршености“
Бриан е 35-годишна инфлуенсерка и мајка на две деца која промовира прифаќање на своето тело со искрени фотки на Инстаграм. Фотографиите не се уредувани, а целта на Бриан е да ги натера жените да сфатат како изгледа нормалното женско тело.
Бриан Картер од Австралија е мајка на две деца и Инстаграм инфлуенсерка која со задоволство споделува искрени фотки од нејзиното секојдневие.
35-годишната мајка се обидува да го прикаже нејзиниот живот е што е можно пореално и тврди дека никогаш не користи алатки за уредување фотографии.
Всушност, таа смета дека е тажно што повеќето инфлуенсери ги уредуваат нивните фотографии и претставуваат лажна слика за нив.
„Нè натераа да веруваме дека нештата како текстурата на кожата, масните наслаги, пигментацијата, влакната и слично се непосакувани, без разлика што скоро сите ги имаме“.
Бриан е убедена дека на луѓето им е „преку глава“ од совршени Инстаграм фотки и дека веќе сите сакаат да видат нешто пореално на социјалните мрежи.
Поради ова, младата мајка отишла чекор подалеку и направила фотосесија во долна облека на која ги покажува сите „несовршености“.
Бриан нагласува дека фотографиите не се воопшто уредувани и покажуваат како всушност изгледа една нормална жена.
„Налетав на видео за тоа како инфлуенсерките си ги уредуваат фотографиите за да ги усреќат нивните следбеници. Ова ме растажи.
Ние што пораснавме во 90-тите бевме многу изложени на диети. Телата што ги гледавме беа само слаби и насекаде имаше осудувања. Се сеќавам дека плачев во соблекувалната бидејќи имав истакнат задник. Не ни памтам дека некогаш имало период кога не сум мислела дека треба да држам диета.
Па, престанав. Уште сакам да бидам фит. Уште сакам да бидам здрава. Но, повеќе не сакам да одбијам парче торта во канцеларија бидејќи ’не смеам‘“.
Бриан вели дека не било лесно, бидејќи и по оваа одлука си поставувала прашања како тоа дали е мрзлива и дали бара изговори да има некој килограм повеќе.
Но сепак, конечно сфатила дека може и треба да си го сака своето тело, без разлика што уште работи на него.
„Многу луѓе ме гледаат како самоуверена жена, и навистина сум кога станува збор за изгледот. Но, тоа не значи дека не преземам ништо за мојот изглед. Сите ние работиме на себе, а ова е работа што вреди“.
Спирова С. | Црнобело