Сираче посвоено од самохран татко е олимписки шампион кој ги руши сите бариери
Џери Виндл поминал низ многу пред да успее да го посвои неговиот син Џордан. А, благодарение на љубовта што му ја пружал, заедно со неизмерната поддршка, Џордан успеа да стане најмладиот олимписки пливач и се натпреваруваше на Игрите во Токио 2020.
Родителството е една од најзначајните пресвртници во животот на многу луѓе. Американецот Џери Виндл отсекогаш сонувал да биде татко.
Поради неговата определба, односно статусот на хомосексуалец во доцните ‘90-ти, тогашните општествени „норми“ не престанувале да ги попречуваат неговите соништа.
Џери долги години тежнеел да посвои дете во САД, но поради стигмите околу „геј-татковството“ тој речиси и да ја изгубил надежта дека некогаш може да основа семејство.
„Имаше таква хомофобија и фанатизам околу концептот еден хомосексуалец да биде родител, така што дури и луѓето кои ме сакаа ме убедуваа дека не е исправно да бидам татко доколку сум хомосексуалец“ - се сеќава Виндл.
Покрај многуте обесхрабрувачки пречки, среќата на Виндл му се насмеала сосема случајно, откривајќи статија за која не можел ни да помисли дека ќе му го промени животот од корен.
Станувало збор за човек кој посвоил дете од Камбоџа, а трогателната фотографија му дала надеж дека можеби конечно ќе може да посвои како самохран татко.
Откако го завртел бројот на услугата за посвојување наведен во статијата, Виндл открил дека навистина било „легално“ самостојно лице да посвои дете.
Штом ја добил извонредната вест, само неколку месеци подоцна, во јуни 2000 година, заминал во Камбоџа и се сретнал со својот иден син, Џордан. Виндл веднаш се заљубил во едвај 2-годишното дете.
https://www.instagram.com/p/BkIWwWAjAdY/
За жал, поради минималната исхрана и борбата со различни здравствени проблеми и инфекции, Џордан бил во опасна животна состојба.
„На свои 2 години имаше само 9 килограми. Не знаев дали ќе прживее или ќе умре. Му ветив дека ќе направам сѐ што можам, за да не мора да страда повторно никогаш повеќе. Би ја дал секоја жртва како родител за да му ја дадам секоја можност“ – изјавува Виндл.
И така Виндл го исполни својот збор и не само што целосно го промени животот на едно сираче, туку и го подигна да стане олимписки шампион.
Во август 2021 година, по долгогодишна љубов, посветеност и поддршка од неговиот татко посвоител, Џордан Виндл го претставуваше тимот на САД на Олимписките игри во Токио 2020 - како член на олимпискиот нуркачки тим.
https://www.instagram.com/p/CGvIM7VAElL/
Занимавајќи се со нуркање уште од 7-годишна возраст, Џордан станал најмладиот нуркач што некогаш се квалификувал за олимписките игри. На 22 години тој конечно ги исполнил своите долгогодишни соништа.
Олимпиецот со неизмерна љубов ги посветува сите негови успеси на својот татко.
https://www.instagram.com/p/CHDWYp6gCTy/
„На сите што ќе ме прашаат зошто нуркам, им велам дека нуркам за татко ми – гледајќи го оној задоволен израз на неговото лице за кој не постои цена. Без сите негови жртви, неговата љубов и поддршка јас навистина не би бил таму каде што сум денес. Непрекинато му се заблагодарувам, за сите мои достигнувања. Ние сѐ уште уживаме во нашето патување“ – вели Џордан.
https://www.instagram.com/p/CQWe7ldNqAD/
Инспиративната животна приказна на Џордан и неговиот татко е преточена во книга насловена како „Сирак – не повеќе: Вистинската приказна за едно момче“.
https://www.instagram.com/p/CSILHYChUal/
Мила М. | Црнобело