7-годишно девојче со „мајсторска“ имитација на светски познатите дами е вистинска ѕвезда на Инстаграм

Секој од нас во одреден период од детството имал свој идол кому безусловно му се воодушевувал.

7-godishno-devojche-so-majstorska-imitacija-na-svetski-poznatite-dami-e-vistinska-dzvezda-na-Instagram 01 630x330.jpg

Самото тоа воодушевување подразбира желба за каква било блискост, а наједноставна е онаа преку физичкиот изглед, така што имитациите на познатите личности се неизбежна дамка на младоста.

Стефани Чаглар има само седум години, а на својот Инстаграм профил има над 350.000 следбеници.

Со помош на вештите раце на нејзината мајка, тие две мајсторски ги „копираат“ костимите на познатите ѕвезди, вклучувајќи ги Ријана, Меган Маркл, па дури и принцезата Евгенија.

Како што наведовме, нејзината мајка Алja е одговорна за воодушевувачки добро изработените модни стајлинзи.

При креирањето на облеката, таа користи разни импровизирани средства како хартија, фолија, па дури и кеси за ѓубре.

„Стефани навистина обожава да се облекува како славните личности. Кога ја објавив нејзината прва фотографија на мојот Инстаграм профил таа имаше само две години.

Ми се допадна фустанот на Ријана и креирав слична облека за ќерка ми. Гледајќи ја нејзината поза, се чувствував толку среќно што решив да направам уште неколку парчиња.

За Стефани е многу е важно нејзината облека навистина да личи на оригиналот. Сето ова за нас претставува една голема забавна игра“ - вели Алја.

Алја и Стефани живеат во турскиот град Анталија. Малата Стефани зборува три јазици: турски, англиски и руски - мајчиниот јазик на нејзината мајка.

Во продолжение повеќе фотки од извонредните имитации на малата Стефани:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg