Народни верувања за трудниците во светот: Што смеат, а што не смеат да прават?

Ако сте поминале барем една бременост, точно знаете колку строги рестрикции и правила треба да си поставите, ако ги слушате сите околу вас.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-001.jpg

Издвоивме неколку народни верувања од разни земји ширум светот. Секако, тоа не значи дека сите трудници во овие земји ги практикуваат овие верувања, но сепак тие постојат.

Не се обидувајте да ги присвојувате овие верувања.

Веројатно уште нив не сте ги слушнале:

1. Многу од жените на Филипините јадат живи јајца пред да се породат, со цел да го „подмачкаат“ каналот низ кој бебето треба да се роди. Се верува дека ова го олеснува породувањето.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-01.jpg

2. Во Мексико пак, се верува дека трудниците треба да избегнуваат да јадат јајца во бременоста, ако сакаат бебето да им мириса убаво откако ќе се роди.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-02.jpg

3. Во Кина галењето на стомакот е забрането, бидејќи се верува дека така ќе се роди гласно и разгалено бебе.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-03.jpg

4. Во Турција трудниците би требало да избегнуваат да консумираат риба, за бебето да не се роди со лоша миризба. Сладоледот исто така е забранет, ако им верувате на суеверијата.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-04.jpg

5. Додека во остатокот од светот не се препорачува консумирање на свежа, непреработена риба поради ризикот од бактерии, во Јапонија може да биде препорачана на менито на трудниците.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-05.jpg

6. Во Бугарија, трудниците не би требало да јадат зајачко месо, бидејќи се верува дека така детето ќе спие со отворени очи. Ако трудницата пак јаде риба, се верува дека носот на бебето ќе му биде константно затнат.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-06.jpg

7. Во Кина бремените жени наводно спијат со нож под перницата, за да ги избркаат лошите сили и духови.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-07.jpg

8. Во Тајланд, трудниците не смее да присуствуваат на погреб. Се верува дека на овој начин се ризикува бебето да го наследи духот на човекот кој починал.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-08.jpg

9. Во Кореја се верува дека ако трудницата го јаде средишниот дел од суши роловите, ќе има убаво бебе, бидејќи средината на суши роловите е секогаш најубава и најдобро организирана.

narodni-veruvanja-za-trudnicite-vo-svetot-sto-smeat-a-sto-ne-smeat-da-pravat-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg