Валерија, Стела, Лара… 5 прекрасни женски имиња со латинско потекло
Очекувате принова во домот? Доколку носите девојче, а се двоумите околу изборот на името, побарајте инспирација од латинскиот јазик.
Иако многумина го сметаат за „заборавен“, ние би ги употребиле зборовите „вечен и безвременски“. Овие 5 прекрасни женски имиња ќе ве поттикнат на размислување, па можеби на крајот ќе одберете едно за вашата скапоцена малечка:
Оливија
Инспирирано од латинскиот збор „оливариус“ или „оливерус“ што во превод значи „маслиново“. Маслиновото гранче е симбол за надеж и помирување, па некогаш се преведува и како „онаа што носи надеж“.
Стела
Стела доаѓа од истоимениот латински збор што во превод значи ѕвезда. Зарем има поубаво имe за вашата нова, сјајна ѕвездичка во семејството?
Валерија
Валерија потекнува од латинскиот збор „валерианус“ што во превод значи „силна, моќна, здрава жена“. Одлично име со длабоко и силно значење.
Лара
Лара доаѓа од латинските зборови „лар“ и „ларис“ што е називот за римските богови кои биле заштитници на куќата. Со други зборови, значењето на Лара е „заштитничка“ на домот.
Луција
Ова име е особено популарно во Хрватска, а доаѓа од латинскиот збор „лукс“ што во превод значи светлина или сјај. Вашата мала Луција со сигурност ќе ви предизвика сјај во очите, нели?
(О)Милена | Црнобело