7 знаци дека сте комплетно емоционално истоштени, а не сфаќате

Дури и некоја најмала негативна вибрација ви го руши светот, немате одбранбен механизам и пукате за миг.

7-znaci-deka-ste-kompletno-emocionalno-istoshteni-a-ne-sfakjate-01.jpg

Емоционалната истоштеност не е шега. Кои се сигналите дека се справувате со ваква состојба?

Како да знаете дека сте на работ и дека треба да преземете нешто?

Знаци дека сте емоционално истоштени:

Секојдневните емоции ве оптоваруваат, дури и оние малите.

Дури и некоја најмала негативна вибрација ви го руши светот, немате одбранбен механизам и пукате за миг.

Пречувствителни сте.

Не можете да се справите со работите, сметате дека животот е комплициран и претежок, сè си ставате на срце.

Во вас имате чувство на пораз кое ви тежи.

Работите ги гледате од перспектива „сè или ништо“, полни сте безнадежност и сметате дека не сте успешни.

7-znaci-deka-ste-kompletno-emocionalno-istoshteni-a-ne-sfakjate-02.jpg

Се борите да пронајдете волја да продолжите напред.

Тешко ви е да сонувате за иднината и немате мотивација за напредок, ги занемарувате своите потреби и тапкате во место.

Исплашени сте некој да не ве „извади од такт“.

Тоа е затоа што имате ниско ниво на емоционална самоконтрола.

Или премногу ги изразувате емоциите или не ги изразувате воопшто.

Екстремно реагирате на настаните, па или плачете цел час за нешто или комплетно го игнорирате, нема златна средина.

Копнеете по промена.

Знаете дека животот не ви функционира, подготвени сте за промена, ви треба промена, но немате храброст да ја направите истата.

Прочитајте и 8 симптоми дека живеете со потисната траума од детството

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg