8 симптоми дека живеете со потисната траума од детството
Луѓето кои ја блокирале болката во детството, многу подоцна во животот почнуваат да чувствуваат анксиозност или страв од напуштање.
Доколку се сомневате, ова се 8 главни знаци, симптоми кои им се заеднички на луѓето кои живеат со траума од детството:
1. Силно реагирате на одредени луѓе
Иако понекогаш е добро да сте внимателни со непознати, сепак бурните реакции и емоции кон одреден непознат човек се знак дека некоја негова карактеристика ви ја буди вашата траума.
2. Ве плашат одредени места и ситуации
На ист начин како и со луѓето, така и одредени места и ситуации ви ги надразнуваат сетилата кои во минатото направиле да се чувствувате неудобно и исплашено.
3. Тешко ги контролирате своите емоции
Луѓето кои се обидуваат да ги потиснат негативните емоции од детството, често се соочуваат со нестабилно расположение.
4. Страв од напуштање
Стравот од напуштање е еден од главните симптоми, посебно кај децата кои израснале без еден родител или едноставно, едниот од родителите бил помалку врзан со нив. Сега, кога сте возрасни, секое разделување од партнерот може да ви ги предизвикува истите емоции на несигурност.
5. Пријателите ви велат дека се однесувате како дете
Ако често реагирате незрело, тврдоглави сте и буквално доживувате детски тантруми – тогаш време е за сериозен разговор.
6. Чувствувате емоционална исцрпеност
Ако повеќето од енергијата ви оди на тоа да го потиснете минатото, логично е што немате време за сегашноста.
7. Често чувствувате анксиозност
Ако нешто трауматично ви се случило во минатото, анксиозноста е првиот симптом кога ќе пораснете. Анксиозноста си влече корени од разни работи и проблеми, но може да побарате помош како полесно да управувате со неа.
8. Потешкотии во контролирање на бесот
Сите чувствуваме бес во одредени ситуации, но и сите треба да бидеме способни да го контролираме.
Напомена: Ако ви се поклопат повеќето од симптомите, најдобро решение е разговорот со терапевт.
М. Д. | Црнобело