Бремена девојка која го изгубила момчето во сообраќајна незгода, пронајде љубов повторно и испраќа моќна порака

„Твоето момче (кое починало) дефинитивно ти го пратило овој маж на патот. Тој знаел точно што ти е потребно“, гласи еден од најемотивните коментари за приказната на Мејси од Калифорнија.

bremena-devojka-koja-go-izgubila-momcheto-vo-soobrakjajna-nezgoda-pronajde-ljubov-povtorno-i-isprakja-mokjna-poraka-01.jpg

Мејси Нели од Калифорнија го изгубила момчето во сообраќајна незгода кога била во 14-тата недела од бременоста.

Неговата смрт ја погодила многу, но успеала да закрепне по загубата и да биде силна поради своето дете, а сега пронајде љубов повторно.

Во видео на својот ТикТок профил таа го споделува своето емоционално патување од мигот на трагичната загуба на нејзиниот партнер, па досега.

Мејси вели дека во 2015 година кога имала само 19 години дознала дека е бремена. Тоа било шок за неа, но кусо потоа следувало уште поголем шок, а тоа било смртта на нејзиното момче во ужасна сообраќајна незгода.

„Ми беше многу тешко, но останав силна поради нашиот син“.

Година и половина по смртта на нејзиното момче таа го запознала „него“...

„Не барав нова врска затоа што уште жалев, но не можев, а да не се вљубам во овој маж кој ме сакаше и го прифати мојот син како свој. Се венчавме. Потоа сакавме да го прошириме нашето семејство, но имавме проблеми, па со помош на асистирано оплодување забременив и сега имаме ќерка.“

Пораката на нејзиното видео е „Секогаш станува подобро, ви ветувам“.

Нејзиното видео има милионски прегледи, а луѓето ѝ пишуваат дека се пресреќни што нашла љубов повторно и што новиот маж во нејзиниот живот го прифатил нејзиниот син.

Еден од најемотивните коментари на видеото гласи: „Твоето момче (кое починало) дефинитивно ти го пратило овој маж на патот. Тој знаел точно што ти е потребно.“

@theneeleyfam

Reposting my story and most viral video❤️ #couplegoals #lovestory #familytiktok

♬ Hold On - Extreme Music

Повеќе фотки од семејството на Мејси:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg