Вирално видео: „Додека чекорев кон олтарот, маж ми си го проверуваше телефонот - многу романтично“
Овој младоженец направил нешто сосема неочекувано додека ја чекал својата невеста на олтарот и наиде на критики кај голем дел од оние што го погледнаа видеото. Прво насмеан ја чека невестата, а потоа го вади телефонот за да провери какви известувања добил.
Тејлор Лорен од Ванкувер, на ТикТок објави кратко видео од нејзината свадба од пред 4 години, за која вели дека тоа бил „најважниот миг во нејзиниот живот“.
До видеото таа стави опис:
„Пред 4 години на денешен ден чекорев кон олтарот за да се омажам за љубовта на мојот живот. Тоа беше еден од најважните и најемотивните мигови во нашите животи и мојот сопруг направи нешто најромантично... Го провери телефонот“
Во прв момент гледаме дека е мошне возбуден затоа што ја гледа невестата, сè додека не реши дека треба да го провери телефонот, по што веднаш го смени изразот.
Некои од нејзините следбеници коментираа дека таа требало „да се сврти и да си замине“, а други дека требало да се разведе од него, но како и да е, и по 4 години тие се сè уште заедно.
Видеото е прегледано 2,4 милиони пати, а откако под него имаше низа критики и негативни коментари, Тејлор објави уште едно видео на кое го прашува сопругот:
„Душо, ТикТок сака да знае зошто го проверуваше на телефонот додека чекорев кон олтарот?“
А тој едноставно одговара:
„Затоа што криптоберзата никогаш не спие.“
Погледнете ги видеата:
@taylortoks husband of the year ? (yes I walked down the aisle to Kanye, RIP KIMYE) #weddingtiktok #marriage
♬ original sound - taylor loren
@taylortoks Reply to @ajbarnhardt honestly we’ll never really know... #weddingtiktok #crypto
♬ original sound - taylor loren
Б. С. Б. | Црнобело