Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што се случува кога бремена жена ќе се породи во авион?

Иако за нив ретко и малку се објавува, сепак во светот има околу 60 бебиња кои се родени при патување со авион.

shto-se-slucuva-koga-nekoja-zena-ke-se-porodi-vo-avion-04_resize.jpg

Луѓето родени при летање со авион се познати и како „луѓе родени во рајот,“  а тоа си има неколку бенефити и предности.

Што точно се случува кога некоја жена почнува да се пораѓа во авион и го раѓа детето додека авионот е во воздух?

1. Стјуардесите и целиот тим одлучуваат дали е неопходно непревидено слетување

Прво, тимот не е обучен и стручен за породување, па во моментот прво бараат стручно лице, доктор или медицинска сестра, доколку е присутен во авионот.

Ако нема медицински лица во авионот, тогаш стјуардесите се подготвуваат за принудно слетување.

Ако и тоа не е опција, им преостанува да го земат медицинскиот прибор и да се стават во улога на „бабици.“

shto-se-slucuva-koga-nekoja-zena-ke-se-porodi-vo-avion-01_resize.jpg

2. Нема строго правило за државјанството на детето

На пример, зависно од земјата над која се раѓа, детето може да добие тамошно државјанство, но и не мора.

Ако некое бебе се роди додека авионот е над територијата на САД, тогаш државјанството е опција. Ова не важи доколку бебето се роди над територијата на Велика Британија.

shto-se-slucuva-koga-nekoja-zena-ke-se-porodi-vo-avion-03_resize.jpg

3. Некои авионски компании даваат доживотно бесплатни летови

И ова не е правило, но досега се има случено повеќе бебиња да добијат доживотно бесплатни карти за превозот со Polar Airlines, AirAsia и Air Pacific Airlines.

Прочитајте повеќе за Приказната на еден Македонец, која малкумина ја знаат: Се родил во авион и добил доживотно бесплатни карти

shto-se-slucuva-koga-nekoja-zena-ke-se-porodi-vo-avion-02_resize.jpg

4. Авионот може да биде именуван по детето

Во 2019-та еден лет на JetBlue авиокомпанијата се реализирал со еден патник плус. За време на летот било родено машко бебе, па авионот бил именуван како Born To Be Blue.

shto-se-slucuva-koga-nekoja-zena-ke-se-porodi-vo-avion-05_resize.jpg

5. Здравјето на бебето може да е во ризик

Авионот не е најздравата опција за породување, прво поради воздушниот притисок кој на бебето може да му создаде пречки во земањето на првиот здив, а потоа поради недостатокот на соодветна апаратура.

Сепак, тимовите го даваат својот максимум секоја тазе мајка да се чувствува најбезбедно.

shto-se-slucuva-koga-nekoja-zena-ke-se-porodi-vo-avion-04_resize.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg