Приказната на еден Македонец, која малкумина ја знаат: Се родил во авион и добил доживотно бесплатни карти

Нечии животни судбини се како на филм. Приказната за Јатко Тодев е една од нив.

prikaznata-na-eden-makedonec-koja-malkumina-ja-znaat-se-rodil-vo-avion-i-dobil-dozhivotno-besplatni-karti-1_copy.jpg

На 13 февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија,  Марија Тодева од Македонија се породила во авионот. Тоа бил еден од првите такви случаи во историјата на воздушниот сообраќај.

prikaznata-na-eden-makedonec-koja-malkumina-ja-znaat-se-rodil-vo-avion-i-dobil-dozhivotno-besplatni-karti-2_copy.jpg

Марија имала само 18 години. Во осмиот месец од бременоста, се качила на авионот што летал од Белград до далечниот Сиднеј. Таму ја очекувал сопругот Стојан, кој неколку месеци порано заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Два часа пред слетувањето, започнало породувањето.

prikaznata-na-eden-makedonec-koja-malkumina-ja-znaat-se-rodil-vo-avion-i-dobil-dozhivotno-besplatni-karti-3_copy.jpg

Стјуардесата и стјуардот ја одвоиле од патниците, по што ѝ помогнале да го донесе на свет нивниот син првенец.

Според кажувањата, папочната врвца ја пресекле со ножици, а дезинфицирале со виски. Така, авионот кој полетал со 106 патници, во Сиднеј пристигнал со еден патник повеќе. Веќе наредниот ден, веста за „бебето од авионот“ се појавила во сите југословенски и светски весници.

prikaznata-na-eden-makedonec-koja-malkumina-ja-znaat-se-rodil-vo-avion-i-dobil-dozhivotno-besplatni-karti-4_copy.jpg

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот и самиот посведочил за овој несекојдневен настан. Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.

prikaznata-na-eden-makedonec-koja-malkumina-ja-znaat-se-rodil-vo-avion-i-dobil-dozhivotno-besplatni-karti-5_copy.jpg

Јатко добил и доживотно право да лета бесплатно со авиокомпанијата ЈАТ, до било која дестинација во светот. Верувале или не, но во текот на изминатите 39 години, тој ниту еднаш не го искористил овој подарок. Можел да отпатува каде и да посака, но одлучил да остане во Австралија, каде и ден денес живее со семејството.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg