„Бев дијагностицирана на 28 години“ – млада мајка го споделува свето искуство со „доцниот“ аутизам

Кога станува збор за личност со аутизам, обично претпоставуваме дека ја добила дијагнозата уште во детството. Но мошне често се случува аутизмот да биде забележан дури подоцна во животот.

bev-dijagnosticirana-na-28-godini-mlada-majka-go-spodeluva-sveto-iskustvo-so-docniot-autizam-01.jpg

Токму ваква е приказната на Џесика Брогес, која првата дијагноза за аутизам ја добила дури по 28-иот роденден. Џесика е Инстаграм инфлуенсерка и реши отворено да прозбори за нејзиното искуство.

Била дијагностицирана откако станала мајка

Бидејќи нејзиниот син бил дијагностициран со аутизам уште на многу рана возраст, Џесика почнала да истражува за нарушувањето со цел подобро да ја разбере состојбата на нејзиното малечко.

Тогаш дознала дека дури 97% од случаите на аутизам се генетски. Тоа ја мотивирало дополнително да продолжи со истражувањето, а сè почесто се наоѓала себеси во она што го чита:

„Учев за да го разберам синот, но почнав да се пронаоѓам себеси. Одлучив да одам на психијатар, и тогаш тој забележа некои симптоми на аутизам. Набрзо потоа добив дијагноза за доцен аутизам“.

bev-dijagnosticirana-na-28-godini-mlada-majka-go-spodeluva-sveto-iskustvo-so-docniot-autizam-05.jpg

Прифаќањето на новата реалност не било воопшто лесно

Џесика тешко се справувала со новонастанатата ситуација и нагласува дека повеќето истражувања на оваа тема се направени со машки испитаници. Истовремено, таа вели дека бидејќи доцна ја добила дијагнозата, не знаела зошто цел живот се чувствувала отфрлено од другите.

„Многу долг период се чувствував како да го криев моето вистинско лице. Кога ја добив дијагнозата, почнав да се присетувам. Ми беа потребни 28 години за да откријам која сум. Го поминав цело ова време прашувајќи се за моето вистинско јас“.

Џесика споделува дека во детството имала проблем со извршувањето на дадените задачи и обврски, но не ѝ било јасно зошто. Но, денес ја знае причината и вели дека терапијата со психијатар ѝ помага да се подобри.

bev-dijagnosticirana-na-28-godini-mlada-majka-go-spodeluva-sveto-iskustvo-so-docniot-autizam-02.jpg

Горда е на своето образование и нејзиното семејство

Иако Џесика се соочила со безброј предизвици во текот на образованието, сепак успеала да заврши факултет. Младата мајка не била свесна за своето нарушување во студентските денови, но смета дека потребен е посебен пристап за луѓе со аутизам.

Таа вели дека ретко кој универзитет нуди посебна програма за студенти со аутизам и сега е сигурна дека ваквите програми би им помогнале на многумина.

„Општеството очекува ние со аутизам да бидеме неспособни. Мисли дека ние не можеме да завршиме факултет, да имаме врски или да изградиме семејство“, вели Џесика во врска со стереотипите со коишто се соочила и на факултет, и на работното место.

bev-dijagnosticirana-na-28-godini-mlada-majka-go-spodeluva-sveto-iskustvo-so-docniot-autizam-04.jpg

На 29 години, Џесика е „невообичаена мајка“ и активист

Не ѝ се допаѓа епитетот „невообичаена мајка“ кој се користи за мајки кои имаат деца со некакво нарушување, најмногу бидејќи смета дека може да создаде стереотипи.

„Сепак, подобро е ’нетипична‘ отколку ’силна‘ или ’воин‘, кои звучат како моето дете да ми е товар“, вели таа.

Земајќи го предвид нејзиното и нарушувањето на синот, Џесика решила да стане активист:

„Станав активист кога почувствував потреба да ги искажам моите желби и да ги загарантирам правата на синот“, открива таа.

Џесика потенцира и дека нема потреба да бидете личност со некое навршување за да станете активист за таа цел:

„Не треба да бидете личниот со попреченост за да го проучите или разберете аутизмот. Сè што правам денес е со цел луѓето да сфатат дека постојат секакви луѓе, а ние треба да ја прифатиме таа разноликост“.

bev-dijagnosticirana-na-28-godini-mlada-majka-go-spodeluva-sveto-iskustvo-so-docniot-autizam-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg